Skip to main content

Автор: инфодеск

Ќе се реконструира центарот за кардиологија во Охрид

Post Views: 284 Реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид е предвидено со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.Договорот за финансирање на овој и уште 6 други проекти за развој на планските региони во Македонија го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Улман.Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.3 милиони швајцарски франци за седум плански региони. Министерството за локална самоуправа  обезбедува 54% од...

Продолжи со читање

Четири години од смртта на градоначалникот Јован Стојаноски

Post Views: 266 „Беше човек ЕДНАКОВ за сите. Слава ти градоначалник, Остави дела за паметење“, вака денес неговите сопартијци од СДСМ Охрид и пријателите се присетуваат на градоначалникот Јован Стојаноски, кој на 15 декември 2018 година ненадејно почина.Статус на социјалната мрежа објави и неговата сопруга, Надица Стојаноска.Четири години, а се уште се надевам дека ќе се вратиш од некое патување. Вечна слава и мирно небо – напиша Стојаноска на својот фејсбук профил.Стојаноски беше универзитетски професор, почитуван, амбициозен, успешен и угледен граѓанин на...

Продолжи со читање

Заврши санацијата на влезниот дел од училиштето во Оровник

Post Views: 226 Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца. Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на...

Продолжи со читање

Денес промоција на книгата Во душата на немиот свет

Post Views: 199 Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на романот за деца „Во душата на немиот свет“ од писателката и поетеса Даниела Илијоска.Книгата е во издание на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“, а финансирана од Министерството за култура. Водител на настанот е Јордан Коцевски, додека рецензент и промотор е Маја Мојсова. Воведен збор ќе има директорот на библиотеката, м-р Милчо Јованоски.Во рецензијата за книгата, меѓу другото, се вели: „Романот за деца „Во душата на немиот свет“ енергично пулсира,...

Продолжи со читање

Изложба Пикасо можеби јас и Недела на шпански филм во Охрид

Post Views: 177 Како резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, во Охрид ќе се одржи изложба и проекција на циклус шпански филмови.Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“. Изложбата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо.Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на центарот за култура...

Продолжи со читање

Дел од Дебар Маало осветлен во чест на Горан Стефановски

Post Views: 228 Во чест на 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски вчера беше осветлен и украсен делот околу неговиот споменик во Дебар Маало.Порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува“, објавен во книгата „Идентитетот е приказна“, на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија е испишана на рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој е спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“.Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да нѐ осветли неговата „искра што се измолкнува“. За...

Продолжи со читање

Активистите бараат стопирање на постапката за урбанизација на Мауцкер

Post Views: 211 Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат да се стопира урбанизацијата и продажбата на Мауцкер. Според нив станува збор за вреден археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град од римско време-познат како Хермелеја. Веднаш до него се наоѓа црквата „Св. Еразмо“ и уште постарата монументална базилика „Св. Еразмо“ која е една од најстарите цркви во Европа, датирана пред VI век.Во јавноста се погласни се реакциите дека земјиштето е од висока категорија и дека тоа веќе е заштитено со Закон за заштита на културното наследство. Активистите за заштита...

Продолжи со читање

Хумана акција на Младинската организација при ОЕМУЦ

Post Views: 227 Локалната младинска организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ уште еднаш ја покажа својата општествено-одговорна работа помагајќи онаму каде што е најпотребно. Хуманоста не се кажува, таа се докажува.Ученици членови на Локалната младинска организација од ноември, изработуваа накит и го продаваа по симболична цена за да се соберат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.„Убаво е чувството кога ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, онаму каде што ќе успееме да измамиме детска невина насмевка. Учениците беа на висина...

Продолжи со читање

Инклузивна игротека Радост отворена во Охрид

Post Views: 1.168 ​Денес со работа започна игротека Радост, првата инклузивна игротека во Охрид. Во комплексот Касарна во оспособени простории за лица со попреченост, особено за деца со церебрална парализа, конечно се овозможува место за игра, терапија и социјализација. Под мотото „Сите деца се деца“ таму ќе се спроведуваат активности за дневно згрижување во текот на работната недела, ќе се организираат работилници за децата, но и за нивните семејства како процес на другарување и инклузија.Анастасија Митреска, мајка на дете со церебрална парализа, среќна поради отворањето на...

Продолжи со читање

Вклучување на жените во руралниот туризам

Post Views: 212 „Родова инклузивност и вклучување на жените во руралниот туризам-принципи на агротуризмот“  е темата на дводневната обука на вработените во Секторот за туризам и локален економски развој  при општина Охрид, што започна денес.Обуките ги спроведуваат стручни консултанти од ЕУРО-ВИСТА КОНСАЛТИНГ.Работните сесии се на теми: Инклузија на жените во руралните средини; Основи на одржлив рурален развој и рурален туризам; АГРОТУРИЗАМ – Критериуми и стандарди; Услуга на клиенти; Основи на Маркетинг во рурални средини; Презентација на Мерка 7 од ИПАРД 3...

Продолжи со читање

Се поставува атмосферска канализација на ул. Ѓорче Петров

Post Views: 247 Денес започнаа градежните работи за поставување на атмосферска канализација на улицата „Ѓорче Петров“.Носител на градежните активности е ЈП „Нискоградба“, а вредноста на проектот изнесува 5 милиони и двеста илјади денари.

Продолжи со читање

Тројца охриѓани нападнале 19-годишна девојка

Post Views: 295 На 13.12.2022 година, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода С.П.(44) Д.П.(51), и К.П.(75), сите од Охрид, кои, истиот ден во 15:30 часот во куќа во Охрид физички ја нападнале Н.К.(19) од Охрид, по што Д.П. и се заканил со пиштол.Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање