Skip to main content

Автор: инфодеск

Со засилени акциски контроли Струга се обидува да го реши проблемот со питачењето

Post Views: 317 Струга се обидува да го реши проблемот со питачите. Загрижува тоа што се поголем број деца просат низ струшките улици. Центарот за социјални работи изготви посебен протокол и работна група со претставници од сите институции со цел да престане злоупотребата на малолетници.Се прават засилени теренски акции, се работи на јакнење на одговорно родителство за децата да се вратат дома и во образовниот процес.Социјалниот проблем питачење во општина Струга од година во година се повеќе се продлабочува. Карактеристично е тоа што сите деца кои питачат се од други...

Продолжи со читање

Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилното отсуство

Post Views: 373 Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Но, оттаму во ниту едно од соопштенијата за постепено враќање на системот во функција, не наведуваат на кој начин тоа е направено.Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата...

Продолжи со читање

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата

Post Views: 260 Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на еуродизел (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот еуросупер БС-98 а еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе биде 82,00 денари, еуросупер БС-98 ќе чини 84,50, а еуродизел БС (Д-Е V) 77,00 денари.За 1,50 денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини...

Продолжи со читање

Хуманитарна акција на ИПА Охрид

Post Views: 337 Викендов, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Охрид.Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид, а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „Зготви и подари” од Охрид.Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаток на храна, со многу љубов приготвија топли оброци, а потоа со...

Продолжи со читање

Лажни се дојавите за бомби на скопскиот аеродром и училиштата

Post Views: 286 Лажни се дојавите за поставени бомби што денеска стигнаа на електронските адреси на вкупно десет скопски и четири прилепски училишта, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР) по направените антитерористички проверки во училиштата.Од МВР додаваат дека е лажна и заканувачката порака за поставена експлозивна направа која претпладнево стигнала и на мејлот на скопскиот аеродром.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки...

Продолжи со читање

Кривична за скопјанец кој ширел говор на омраза на фејсбук

Post Views: 435 СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(47) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, на социјална мрежа Фејсбук, по претходно објавен пост, објавил коментар со недолична содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Прилепчанец нападнат во казино во Охрид

Post Views: 279 На 19.02.2023 во 22:30 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во казино на булевар „Македонски просветители” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз Ј.А.(45) од Прилеп.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Крлев : Во услови на глобална криза локалната власт унапредува 8, а вработува 14 работници

Post Views: 295 Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ на 24-та седница на Советот на општина Охрид од советниците бара согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година. Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања, истакна Јован Крлев, портпарол на ОО СДСМ Охрид на денешната прес конференција.Локалната власт на ВМРО...

Продолжи со читање

Бројни активности за чистење на ЈП Охридски Комуналец

Post Views: 263 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности на терен. Тие реализираа акција за чистење на шумскиот дел потег од х.Инекс до Горица 3, темелно метење на ул. „15 ти Корпус“ од наноси од песок и друг ситен отпад.Согласно пропишаната динамика во Програмата за работа за 2023 тековно одржување на јавната чистота во населба Охридати, максимален ангажман на 24-часовната служба за празнење на корпите за ситен отпад во централното градско подрачје, расчистени диви депонии по налог на локална самоуправа кај Градска плажа во населба Даљан и во близина на...

Продолжи со читање

Соработка меѓу охридската библиотека и Правен факултет Кичево

Post Views: 486 Деновиве во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше деканот на Правниот факултет од Кичево, проф. д-р Светлана Вељаноска. Таа на директорот на Библиотекаta м-р Милчо Јованоски му подари дел од своите стручни книги од областа на правото. Книгите се обработени и поставени во одделот за стручна литература, достапни се за читателите и за зајмување.Станува збор за следните дела: Судски систем, Меѓународно судство и Културната политика на Република Македонија во рамките на процесот на евроинтеграцијата.Ова е почеток на нашата заедничка соработка...

Продолжи со читање

Објавени наградените творби од конкурсот Векувањето на македонскиот јазик

Post Views: 341 По повод 21-ви февруари „Меѓународен ден на мајчиниот јазик” Младински Центар Охрид распиша литературен конкурс на тема „Векувањето на македонскиот јазик”, за средношколци на ниво на Охрид, во проза или поезија.Поради помалиот број на пристигнати творби стручната комисија составена од: поетот и проф. Славе Ѓорѓо Димоски (претседател на комисијата); поетесата и професорка Марина Икономева-Шокева и претставник на МЦО – Јован Цветкоски; одлучија да се доделат по 2 награди во двете категории. Наградените творби се под следните...

Продолжи со читање

ФЗО : Во функција системот Мое осигурување

Post Views: 719 Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин –...

Продолжи со читање