Автор: инфодеск
Views: 116 Денеска на Градскиот стадион започна реконструкцијата на западната трибина. На официјалниот почеток на градежните зафати присуствуваа градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.„ Денес правиме значаен чекор за фудбалот во Охрид , но не само за Охрид , туку верувам и за целата земја. Благодарност до УЕФА со чии програми , после изградбата на едната трибина, ние ќе добиеме и изградба на нова трибина, т.е на јужната трибина на стадионот Билјанини Извори каде ќе има капацитет од 3 500 гледачи и заедно со другата трибина би се...
ДУИ пред Уставен го „чува“ албанскиот јазик
Views: 63 Бројни членови и симпатизери на Европскиот фронт саботата вечер се собраа пред Уставниот суд од каде најавуваат дека тука ќе останат дено-ноќно до среда, кога судиите треба да расправаат за Законот за јазиците.-На 11 декември Уставниот суд има закажано седница за разгледување на уставноста на Законот за јазици кој не е само правен акт туку е симбол на Охридскиот договор и во него е втемелена јазичната еднаквост – изјави Адеми дополнувајќи дека укинувањето на законот значи уривање на еден од кучните столбови на овој договор.Тој ги повика граѓаните од сите етнички заедници...
Руски медиуми објавија дека Русија ќе му обезбеди азил на Башар Ал Асад
Views: 71 -Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, објави вечерва руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од Кремљ.Руското Министерство за надворешни работи објави дека претседателот на Сирија Башар ал Асад ја напуштил земјата и функцијата откако наредил мирно предавање на власта. Во соопштението руското министерство не кажа каде се наоѓа Асад, а се истакнува дека Русија не учествувала во разговорите околу неговото заминување. Москва смета дека е неопходно да се продолжат преговорите под покровителство на ОН за решавање на...
Цената на кафето ги руши сите рекорди
Views: 103 Климатските промени, како сушите и поплавите, значително го отежнуваат производството на кафе, а милиони љубители на оваа напивка се соочуваат со растечки цени. Во Македонија, поскапувањата сè уште се умерени, но глобалните трендови покажуваат дека растот на цените ќе продолжи.Македонија увезува кафе главно од Бразил и Виетнам кои и воедно се најголеми производители. Цените на кафето се тесно поврзани со берзите, каде поскапувањата веќе имаат ефект врз малопродажните цени. Цената на сировото зрно од сортата на кафе арабика во средата го достигна највисокото ниво уште од 1977...
Пецаков на средба со делегација од Белград предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ
Views: 67 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информира дека вчера оствари средба со делегација од градот Белград, предводена од заменик – градоначалничката Весна Видовиќ.На средбата е разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двата градови во повеќе области. Српските гости традиционално се меѓу најбројните во текот на летната сезона па затоа посебен акцент во разговорот ставивме на туризмот и за промоција на Охрид во Белград, се додава во соопштението.-Изразив благодарност што делегацијата од Белград беше присутна на чествувањата по повод...
Доделени наградите од конкурсот посветен на Свети Климент Охридски
Views: 77 Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа вчера пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературнуот конкурс посветен на патронот.Награди им беа доделени на :-Климент Колески, ученик во трето одделение во ООУ „Григор Прличев“, добитник на првата награда во прва категорија (за ученици од одделенска настава од прво до петто одделение)-Изабела Томановска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“-добитник на првата награда во...
Охрид се поклони во чест на заштитникот Свети Климент Охридски
Views: 83 Делегација од општината положи свежо цвеќе на споменикот на светителот во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ по што делегации од локалната власт, од збратимени градови со Охрид како и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава се поклонија и положија цвеќе пред момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.
Денес официјално започнува реконструкцијата на западната трибина
Views: 75 Денес во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.








