Skip to main content

Автор: инфодеск

Дојави за бомби во 10 училишта

Post Views: 300 Од МВР информираат дека денеска повторно има пријави за бомби во училишта во Македонија.Пристигнати се вкупнo 10 дојави на електронски адреси на училиштата, од кои осум се за во училишта во Скопје, а две се однесуваат на училишта во Прилеп.Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) ги евакуирале објектите и вршат антитерористички проверки.

Продолжи со читање

РК Вардар со победа над ГРК Охрид

Post Views: 457 Ракометарите на Охрид одиграа квалитетен натпревар, но не успеаа да го изненадат Вардар на домашен терен во рамките на македонскиот ракометен шампионат.Домашните играчи во салата „Билјанини извори“ имаа голема поддршка од своите навивачи. Тимот на Горан Андоновски се покажа како достоен ривал, се доближуваше скоро до резултатски егал, но на крајот актуелниот шампион ги освои бодовите.Фаворитот Вардар успеа да го сопре амбициозниот противник и да стигне до нова победа (23:27) во овој дел од шампионатот.Репрезентативецот Филип Талески се истакна со...

Продолжи со читање

Здравствените работници најавуваат протести

Post Views: 274 Ако до понеделник до 15 часот нема префрлено средства на сметките на сите вработени во Клиничките центри и болници, тогаш во среда докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар ќе излезат на протест, најавија од Самостојниот синдикат на вработените во Клинички центар.Добивме ветување од директорката на Фондот дека во понеделник до крајот на работното време ќе бидат исплатени платите на Клинички. Ние тоа го почитуваме. Но, доколку не бидат исплатени платите ние во вторник ќе свикаме извршен одбор, ќе свикаме совет и ќе донесеме одлуки за...

Продолжи со читање

Казнети 9 возачи во Охрид

Post Views: 378 На 17.02.2023 година од 14 до 17 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои на забранети и непрегледни места извршиле претекнување на други моторни возила (Охрид-09, Струга-03, Кичево-01, Дебар-11). Против нив, поднесени се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Успешна крводарителска акција во охридската гимназија

Post Views: 288 Во текот на вчерашниот ден успешно беше реализирана уште една крводарителска акција во ОСУ „Св. Климент Охридски”.Својата крв ја донираа 21 гимназијалец. Биди херој, биди крводарител – порачаа од Црвен крст Охрид.Крводарителската акција во охридската гимназија беше под мотото „Секоја капка е важна“, а дел од програмата за крводарителски акции за 2023 година.

Продолжи со читање

Продолжува период на стабилно и топло време

Post Views: 285 Продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, сооптши УХМР.Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Продолжи со читање

Попис на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум

Post Views: 1.748 За прв пат се врши инвенторизација на биодиверзитетот и еко системот на изворите во Свети Наум. Целта на овој попис е да се добијат нови релевантни податоци за состојбата на природното наследство на овој исклучително важен локалитет, но и план за негова поголема заштита.Проектот е финансиран од страна на Унеско, а го спроведува Националниот парк „Галичица“, при што за прв пат е изработен посебен план за управување со комплексот на изворите во Свети Наум.Јавната установа пристапи кон изработка на посебен план за управување со овој комплекс. Тоа е...

Продолжи со читање

Протестен марш на новинарите

Post Views: 284 „Не се извинуваме за незгодни прашања“, „Нема да молчиме“, „Стоп за агресивниот државен ПР“, „Сиромаштија = автоцензура“. Ова се дел од пораките кои денеска ги испратија новинарите и медиумските работници на протестниот Марш за одбрана на новинарското достоинство.„Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, Владата создаде најголема редакција во земјата. Институциите и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате...

Продолжи со читање

Утре ракометен спектакл, ГРК Охрид-РК Вардар

Post Views: 403 Првиот натпревар на ГРК Охрид на домашен терен во плејофот не можеше да е против потежок ривал. Гостува шампионот Вардар кој во полусезоната го надополни играчкиот кадар со три нови играчи и со поширок ростер е уште посилен од есенскиот дел. Шансите за победа на охриѓани ќе зависат од тоа со кој состав скопјани ќе настапат, но ако се укаже и најмала можност за поволен резултат ракометарите на Охрид се подготвени да ја искористат.Добро се подготвувавме за овој натпревар преку видео анализа и тактичка поставеност на играта. Можам да ветам голема борбеност и...

Продолжи со читање

ФЗОМ : Податоците на граѓаните се безбедни

Post Views: 376 Фондот за здравствено осигурување ги демантира наводите дека податоците на граѓаните се украдени и уверува дека здравствените и личните податоци на граѓаните се целосно безбедни.Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци – потенцираат...

Продолжи со читање

На 3-ти март повторно претставата Енергични луѓе

Post Views: 393 Поради зголемениот интерес, претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, повторно ќе биде изведена во петок на 3-ти март, со почеток во 20 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи...

Продолжи со читање

Пожар во возило кај Буково

Post Views: 403 На 16.02.2023 во 18:40 часот во СВР Охрид, Љ.З.(55) од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на планинскиот превој „Буково”, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Продолжи со читање