Skip to main content

Автор: инфодеск

Охриѓанец физички ја нападнал својата мајка

Post Views: 288 На 16.02.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека Н.Џ.(27) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Измените во Кривичниот законик ќе донесат побезбедна околина за лекарите и пациентите

Post Views: 247 Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен...

Продолжи со читање

Ученици од ОЕМУЦ дел од проектот Каде се моите стапалки

Post Views: 327 Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваат на E twinning проектот „Каде се моите стапалки“ (Where are my footprints). Во овој проект покрај ученици и наставници од ОЕМУЦ вклучени се и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.Целта на овој проект е да ја подигнеме свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата. За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали,...

Продолжи со читање

Утре е Задушница

Post Views: 427 Според календарот на Македонската православна црква утре е Задушница. Задушница секогаш паѓа во сабота зошто Исус тој ден, пред воскресението во недела, го поминал упокоен.Тоа е денот кога православните верници одат на гробовите на најблиските, раздаваат понади и палат свеќи.Сеќавајќи се на своите покојни предци, христијанските верници на овој ден се молат на Бога за простување на гревовите и за своите предци.Се верува дека ако на Задушница не им се запали свеќа на мртвите, тие цела година ќе бидат во мрак. Доколку верниците не се во можност да...

Продолжи со читање

Сончево време со температура до 17 степени

Post Views: 318 Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.

Продолжи со читање

Охрид и Охридското езеро во туристичкиот интернет магазин Travel off path

Post Views: 313 Специјализираната интернет-страница за патувања и туристички доживувања „Travel off path“, една од најреномираните на северноамериканскиот континент, објави текст посветен на Охрид и на Охридското Езеро. Во неа посетата на Охрид е посочена како неверојатно искуство, „патување што нуди чисто блаженство и спокојство…“(Travel off path)Овој мал град во Европа е најмирното место што може да се замислиНа само 30 минути возење веднаш до границата со Албанија се наоѓа спокојниот крајезерски град во Северна Македонија. Овој мал град со 40 илјади е прекрасна,...

Продолжи со читање

Струга започна со хуман третман на бездомните кучиња

Post Views: 448 Во Струга конечно започна акција за заловување и третман на бездомните кучиња во градот. Зафатот го реализираат овластени лица од ветеринарна клиника од Куманово.Досега се третирани десетина кучиња, а за оваа намена издвоени се 600 000 денари. Кога ќе се потрошат парите, доколку има потреба ќе бидат издвоени дополнителни средства за продолжување на акцијата.Заловени се одреден број на кучиња, имаме и фотографии од нивниот третман, маркирани се со обетка и микрочип и очекуваме по нивно опоравување да се вратат назад на истата локација – вели Митко...

Продолжи со читање

Пецаков : Додека едни критикуваат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување

Post Views: 337 „Додека едни критикуваат и ништо не работат, јас и мојот тим сме фокусирани кон исполнување на нашето ветување, а тоа е да не постои образовен и детски објекти каде нема да се инвестира“, реагира градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на денешното соопштение на СДСМ Охрид.Во детската градинка „Јасна Ристеска“ обејкт „Лихнида“ ја променавме дограмата во холовите и економскиот дел во вредност од 451.704,оо денари. Во детската градинка „Јасна Ристеска“ објект „Билјана“ извршивме промена на подовите во вредност од 469.179,оо денари. Во ОУ „Св. Наум Охридски“ во...

Продолжи со читање

Утре крводарителска акција во охридската гимназија

Post Views: 381 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2023 година, под мотото „Секоја капка е важна“.Во петок, 17-ти февруари од 9 до 12 часот ќе се одржи крводарителска акција во гимназијата „Св. Климент Охридски“ Охрид.Ги покануваме сите хумани гимназијалци да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот – велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Мајкл Џордан донираше 10 милиони долари на детска организација

Post Views: 423 Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан, кој во петок ќе наполни 60 години, донираше 10 милиони долари во фондацијата „Make-A-Wish America“, што е најголема поединечна донација во 43-годишната историја на фондацијата.Роденденската желба на Мајкл Џордан е да ги оствари желбите на бројни деца. Поради тоа ги донираше 10-те милиони долари за фондацијата „Make-A-Wish America“ којашто на својата веб-страница наведува дека ги остварува сништата на болните, како и дека донаторите им даваат на децата обновена сила да се борат со своите болести, ги...

Продолжи со читање

Земјотрес од 5,2 степени ја погоди Хрватска

Post Views: 414 Околу 10:45 часот силен земјотрес го погоди Кварнерскиот регион Крк. Според првата проценка на ЕМСЦ, магнитудата б ила 5,2 степени, а се почувствувала низ цела западна Хрватска. Тресењето се почувствувало и во Бања Лука.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.Жителите на местата околу епицентарот известуваат дека потресот траел околу 10 секунди и дека бил доста силен, пренесува Јутарњи лист.Потресот бил почувствуван и во западниот брег на Истра.#Earthquake (#potres) possibly felt 25 sec ago in #Croatia. Felt it? Tell us...

Продолжи со читање

Во Клубот на млади при Црвен крст се одржа кариерно советување

Post Views: 259 Како и минатата година, земајќи ги во предвид потребите на волонтерите во Клубот на млади се одржа сесија за кариерно советување.На истата околу 20 волонтери, воглавно од трета и четврта година средно, се запознаа со тоа како можат да ги откријат своите интереси, своите квалитети, како и тоа што следи понатаму во однос на бирањето на нивната професионална кариера – информираа од Црвен крст Охрид.Processed with VSCO with presetСесијата ја одржаа советничките за кариерно советување Марија Коваческа и Ана Топенчарова Коваческа на 9 февруари.

Продолжи со читање