Автор: инфодеск
Views: 92 Патот што поминува низ Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови. Оваа одлука е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите, информираат од Национален парк Галичица.–Тимот на Националниот парк Галичица ве потсетува да ги планирате вашите активности во природата во согласност со зимските ограничувања, се вели во нивното соопштение. Додаваат дека за сите дополнителни прашања или информации, заинтересираните лица може да ги контактираат директно на e...
Во понеделник официјално започнува реконструкцијата на западната трибина
Views: 57 Во понеделник (09.12.2024) во 12 часот на Градскиот стадион ќе се одбележи официјалниот почеток на реконструкцијата на западната трибина. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на ФФМ и градоначалникот Кирил Пецаков.За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава.
Трите повредени лица од обезбедувањето на Гаши се во добра здравствена сотојба
Views: 73 Возило од обезбедувањето на претседателот на собранието Африм Гаши при неговото доаѓање во официјална посета на Охрид утрово излета на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близна на Ново Село. Повредените лица од обезбедувањето беа пренесени во болница и се во добра здравствена состојба , според информациите на собранискиот спикер Гаши кој ги посетил повредените во болница. Од директорот на болницата Св Еразмо и докторите, Гаши бил информиран дека нема потешка повреда, но дека ќе бидат задржани на опсервација.„Јас лично ги видов сите тројца припадници на обезбедувањето, сите...
ОУ „Св. Климент – Охридски“ го одбележа својот патронат
Views: 76 Со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент – Охридски“ вечерва во ЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон празник.Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а во режија и сценарио на Никица Мишева учениците од петто, седмо и деветто оделение ја изиграа претставата, „Денот бел ни беше сон“.Во рамки на одбележување на патрониот празник, делегација од...
Охрид добива современо фудбалско игралиште
Views: 60 Охрид добива современ спортски центар. По обновата на источната, наскоро ќе започне реконструкцијата и западната трибина на градското фудбалсно игралиште. За овој проект обезбедени се финансии од ФФМ. Ќе се обноват и јужната и северната трибина со финансии обезбедени од општина Охрид.Со ова на охридските терени кои ќе ги задоволуваат стандардите на ФИФА и УЕФА ќе може да се играат меѓународни натпревари. „Западната трибина ке може да прими 3500 гледачи...
Превентивна кампања на МВР „Пиротехника не, безбедност пред се“
Views: 88 Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.–Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има употребата на овие средства. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички...
Охридската општа болница одбележува 60 години постоење
Views: 75 Од желба и визија до шест децении успешна приказна. Охридската болница деновиве го одбележа овој значаен јубилеј. Темелот бил поставен од страна на врвните лекари пред децении за денес и натаму болницата да се доградува во здравствена институција која постојано го подобрува квалитетот на услугите кон бројните пациенти.„Почетоците и идејата за основање на медицински центар датира нешто пред 6о тите години за на 25 февруари 1960 година да се постават темелите на медицинскиот центар на локација каде денес се наоѓа хируршкиот блок од страна на Вангел...
Денес ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“
Views: 70 Денес, петок 6 декември 2024 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“. На изложбата ќе бидат презентирани експонати што се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Вредни примероци, врвни занаетчиски изработки, највпечатлив накит на народната носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле до средината на XX век. Повеќето потекнуваат од југозападниот и западниот дел на Македонија, а изработени се во XIX и почетокот на XX век....








