Skip to main content

Автор: инфодеск

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Post Views: 248 Денеска истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба.По отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности, Собранието донесе законски измени со кои се осудува промовирањето фашизам и нацизам. Измените предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на двете бугарски здруженија и истоимените клубови....

Продолжи со читање

СДСМ : Капиталните инвестиции во економското училиште беа иницирани и реализирани од СДСМ

Post Views: 369 „Оваа локална власт предводена од ДПМНЕ и Градоначалникот Пецаков очигледно веќе по инерција продолжува да се кити со туѓи перја, па без двоумење вчерашниот ден решија повторно да обременат со манипулантни искази за тоа што Општината превзела во економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид, се вели во денешното соопштение на СДСМ Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост.„Да се почитува ПР-от на партијата е едно, но да се прикрива вистината е сосем друго. Фотографирањето и’ се замили во целост на оваа локална власт бидејќи...

Продолжи со читање

Партерно се уредуваат краци од улици во Рача и Лескоец

Post Views: 322 Во тек се активности за партерно уредување на неколку локации низ градот. Во Рача и Лескоец партерно се уредуваат краци од улици.Активностите се во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште. Вредноста на програмата е околу 750 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Се подобруваат условите во гимназијата и економското училиште

Post Views: 247 2023 година СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ја започнаа со крупни проекти.Во економското училиште „Св. Кирил и Методиј“ во тек се неколку проекти. Во училишната зграда во тек е целосна промена на електричната инсталација во вредност од околу 8.084.834 денари. Сите простории се санираа и реконструираа. Се глетуваа и варосуваа сите училници и канцеларии, а на првиот кат се преградуваа нови простории. За потребите по предметот физичко образование и култура, училиштето доби и две нови соблекувални. Реконструкцијата и санацијата...

Продолжи со читање

НП Галичица ќе мапира дивоградби

Post Views: 397 Јавната Установа Национален парк „Галичица“ ќе подготвува сеопфатна дата база со идентификувани нелегални објекти на целата територија на паркот.Во план е да бидат опфатени околу 1000 хектари на урбани делови во паркот кои ќе бидат сликани со дрон. Потоа со помош на софтвер истите ќе бидат составени во карти со висока резолуција. Во соодветна програма ќе се врши анализа и идентификација на сите илегални објекти во паркот.Во процесот установата ќе ја користи донацијата од шпанската амбасада. Имено, минатата година НП „Галичица“ и Шпанската амбасада...

Продолжи со читање

ТППЕ Охрид има потреба од нови возила

Post Views: 425 Противпожарната единица во Охрид функционира со возила стари три децении. Возниот парк се состои од седум противпожарни возила, од кои шест се уште од времето на Југославија. Најстарото возило за делување на терен е од 1980 година.Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски вели сите возила се технички исправни, успеваат навремено да одговорат на задачите и работата, но сепак е доста тешко да се одржува старата опрема.Располагаме со седум возила, просечна старост околу 30 години. Тие моментално се технички исправни ги одржуваме. Во иднина се надеваме...

Продолжи со читање

Охридскиот Архив дигитализира фонд на СВП

Post Views: 423 Ќе се дигитализира архивскиот фонд на Струшките вечери на поезијата (СВП). Охридскиот Архив веќе започна со процесот на претворање во дигитална форма на обемната информациска граѓа на Меѓународниот поетски фестивал. Врз основа на меморандумот за соработка помеѓу Државниот Архив на Македонија и Струшки вечери на поезијата, систематски ќе се заокружи и зачува досегашната светска традиција на фестивалот која датира од втората половина на минатиот век.„Имавме огромна чест и задоволство минатата година преку надворешна служба на архивот да го добиеме овој...

Продолжи со читање

Привршуваат активностите за враќање на Сатеска во природното корито

Post Views: 494 Градежните зафати и активностите на проектот за реставрација на водотекот на реката Сатеска и нејзино пренасочување во природното речно корито во делот на Општина Дебрца се одвиваат согласно предвидената динамика и се во завршна фаза.Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, појасни дека дел од активностите на терен се веќе завршени, а останатите се во завршна фаза, кога станува збор за трасата во рамки на Општината Дебрца.Некои од зафатите во рамки на проектот се целосно завршени, како на пример готова е разделната градба на водотекот кај...

Продолжи со читање

Пецаков избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион

Post Views: 260 Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков е избран за претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион на денешната редовна седница, со мандат од една година, согласно Законот за рамномерен регионален развој.Заблагодарувајќи се за изборот, Пецаков нагласи дека ќе биде отворен за соработка со цел да добијат што повеќе средства и да се реализираат проекти, особено во руралните средини, бидејќи тие имаат лимитирани средства и не се во иста состојба како поголемите општини од Регионот.Кризните моменти со кои се соочуваат единиците на локалната...

Продолжи со читање

цени

За минимални месечни трошоци во јануари биле потребни 50.799 денари

Post Views: 400 На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 процент.Извор/МИА

Продолжи со читање

Продолжува субвенционирањето на сметките за струја

Post Views: 299 Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.Согласно јавниот повик оваа година е зголемен прагот на вкупни приходи кои...

Продолжи со читање

Претежно сончево и топло време

Post Views: 326 Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должината на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени, соопшти УХМР.Утре максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11 до 18 степени.  

Продолжи со читање