Автор: инфодеск
Post Views: 390 Првичните информации за смртта на познатата мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Јанеска, девојка на тајкунот со цигари Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот, а понатамошната истрага, како што објави News24, утврдила дека пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на жртвата бил во сопственост на Филипс.Тој допрва треба да даде изјава во полиција. Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и буквално додека разговарале за понатамошните чекори тој „се...
Дојава за бомба во УЈП и Народна банка
Post Views: 279 Закана за поставена бомба пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ). Вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје веднаш се евакуирани.Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштиле објектот.Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата.Ова е прва закана со бомби во јавни институции по неколку неделните закани со бомби во училиштата.
Во чест на Св. Климент ќе се одржи и Фолклорна смотра
Post Views: 398 Утре, 7-ми декември (четврток) со почеток во 17 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи Фолклорна смотра во организација на СОФАМ, западен регион.Покрај учесниците од повеќе градови членови на СОФАМ, присутен ќе биде уметничкиот совет, како и претседателката проф. Мирјана Мирчевска.Пред концертот ќе има дефиле низ охридската чаршија и положување на цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.
Вечерва Свечена академија во чест на Св. Климент Охридски
Post Views: 271 Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечена академија во организација на ОСУ „Св. Климент Охридски“ и Општина Охрид.Настанот е по повод 8-ми декември, патронен празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Бадникова поворка повторно во Охрид
Post Views: 274 По две години пауза поради пандемијата, повторно ќе се организира Бадникова поворка во Охрид. Подготовките за овој значаен духовен настан започнуваат на 10 декември, информираат организаторите.Се известуват сите деца дека големата радост Бадникови поворки, продолжува! Со цел да ја продолжиме оваа стара духовна традиција ве покануваме да се приклучите во подготовките се до ,,Бадниковото навестување за раѓањето на Христос” на 6-ти јануари 2023 година кое ќе биде одбележано со голема поворка низ Охридските улици, во која ќе учествуваат деца пеејки ја...
Виктор Фридман добитник на Светската награда за хуманизам
Post Views: 215 Виктор Фридман, лингвист, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго е добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година што Охридската академија на хуманизмот ја доделува во чест на Свети Климент Охридски.Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август 2023 година, на празникот „Летен Свети Климент“, кога треба да биде откриено спомен-обележје на плоштадот Долна порта, а Охрид да биде прогласен за Центар на светскиот хуманизам.Охридската академија на хуманизмот информира дека Фридман преку писмо му се...
Албанија и Македонија не изготвија план за спроведување на препораките на УНЕСКО
Post Views: 211 Албанската и македонската влада се уште не изработија заеднички план за спроведување на препораките на Унеско. Временскиот рок притиска, а изминатиот период не е евидентиран ниеден значаен чекор за зачувување на статусот Светско природно и културно наследство.Останаа проблемите со заштитата на шумите, реките и загадувањето на еко системот. Според експертите потребни се итни мерки за изработка на стратегија и комуникација помеѓу сите актери на целиот слив на Охридското Езеро.Нема некој документ подготвен од двете страни. Имаме некои состаноци каде се...
Се засадува нов дрворед на патеката кон Горица
Post Views: 263 Започнаа активности за засадување на нов дрворед на патеката кон „Горица“. Според планираното ќе бидат засадени вкупно 123 садници од автохтони видови врба и даб.Новите садници се дел од Планот за ревегетација на Општина Охрид, како замена за дрвјата кои беа отстранети поради реконструкцијата на булеварот „Македонски Просветители“.На оваа улица, според предвидениот проект за реконструкција ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Малус.Новиот дрворед на патеката кон „Горица“ се засадува на потегот кај Скејт паркот и на потегот од Фитнес...
Струга ќе биде празнично украсена
Post Views: 389 Струга ќе блесне во празнично руво. Градот на мостовите ќе биде украсен за Новогодишните и Божиќните празници. Најавен е концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на плоштадот Мајка Тереза.Поради кризата и препораките за штедење прославата ќе биде скромна, за оваа намена општината издвои 5000 евра.Увидовме дека граѓаните сакаат повеќе, без оглед дека има енергетска криза нешто да се направи и во делот на украсувањето. Најголемиот дел се однесува на ангажирање на музичарите за одржување на концерт за деца, но ќе направиме надополнување на...
Подарете мобилен телефон што не го користите
Post Views: 213 „РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ“ го нарекуваме овој месец на дарување во кој со бројни и креативни хуманитарни активности се обидуваме да ги поттикнеме нашите сограѓани да бидат хумани, да подаруваат и помагаат на ранливите категории на граѓани“, велат од Црвен крст Охрид.Во новата хуманитарната акција на Црвен крст Охрид во соработка со MI&DA Mobile Service Center од Охрид ви овозможуваат да ги израдувате лицата од социјален ризик, подарувајќи им мобилен телефон што не го користите.Доколку имате вишок или неисправен мобилен телефон донесете го во салонот...
Завршија археолошките истражувања на Самуиловата тврдина
Post Views: 238 Завршија предвидените археолошки истражувања за 2022 година на локалитетот Самуиловата Тврдина во Охрид.Финансиските средства за реализација на проектот беа обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија со наслов: „Доистражување на просторот од Самуилова Тврдина – Цитадела, изработка на конзерваторски проект и непосредна заштита – конзервација на објекти со цел ревитализација на целиот простор, заради целосна презентација и самоодржување.Локалитетот Самуилова Тврдина веќе неколку години е истражуван во...
Реконструктивни зафати во охридската гимназија
Post Views: 239 Градежни работи деновиве се одвиваат во ОСУ „Св. Климент Охридски“.Во училиштето се реконструираат санитарните јазли. Дополнително тука се врши и реконструкција на училишните простории. Финансиските средства за овие зафати се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.