Автор: инфодеск
Views: 58 Под слоганот – „Садиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вчера, 4-ти декември и денес, 5-ти декември, организираше две активности за садење дрва во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и Охрид засадија дрва во Општина Илинден и Општина Охрид, како проактивен потег со цел да го зголемат своето зелено влијание, како дополнување кон напорите за одржливост и да го прослават Меѓународниот ден на волонтерството, 5-ти декември.Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5-ти декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија...
Пад на Владата на Франција, се очекува францускиот премиер да си поднесе оставка
Views: 79 Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари, објави Њујорк Тајмс. Барние е најочигледната жртва на поларизираната политика во Франција, коментира изданието. Светските медиуми коментираат дека се очекува денеска да поднесе оставка до францускиот претседател Емануел Макрон, откако вчера Долниот дом на парламентот на земјата изгласа недоверба на неговата влада.Лидерката...
Охрид се подготвува за новогодишните празнувања
Views: 69 Започна новогодишното украсување на Охрид. Покрај реквизитите што веќе ги поседува општината, ќе бидат набавени и нови за што се одвоени околу 1.400.000 денари. Новогодишното украсување, локалната планира да биде завршено до празникот Св. Климент Охридски.За претстојните новогодишни празнувања се подготвуваат и хотелско угостителските капацитети. Голем дел од хотелите уште во ноември ги распродадоа новогодишните аранжмани. Поголемите хотелски капацитети на охридската ривиера ќе бидат исполнети од 60 до 90 проценти.„Туристичката сезона беше многу успешна оваа...
ООУ „Св. Климент Охридски“ утре ќе го одбележи патрониот празник
Views: 59 ООУ „Св Климент Охридски“ ќе го одбележи патрониот празник на 06.12.2024 (петок) во НУЦК „Григор Прличев“. Свечената програма започнува во 19 часот во рамки на која ќе се обрати директорот на училиштето Јордан Пуроски, а во културно уметничката програма со свои настапи ќе се претстават ученици од одделенска и предметна настава како и училишниот хор и оркестар.На свечената програма ќе и претстои продажна акција на рачни изработки во организација на советот на родители и изложба на ликовни творби.
Следува продолжен викенд, понеделник е неработен ден за сите граѓани
Views: 63 Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 декември, денот на Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани. Со оглед дека годинава датумот на празникот се паѓа во недела, неработен ден е понеделник, 9 декември.
Се одбележува Светскиот ден на волонтерството
Views: 60 Денес, 5-ти декември, Црвен крст Охрид со голема гордост и почит го одбележува Светскиот ден на волонтерството и упатуваат признание и благодарност до секој волонтер за посветеноста и придонесот за подобрување на животот во заедницата и општеството во целина.„Волонтерите и волонтерството се нашиот потенцијал да одговориме на потребите на заедниците во локалното опкружување. Црвен крст Охрид како водечка волонтерска организација во Охрид и Дебрца со поддршка и вклученост на своите волонтери дава посебен придонес во справување со различни предизвици и реализација на активности...
Промовирана „Охридска археолошка азбука“
Views: 59 Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што вчера се промовираше во големта општинска сала. Ова големо по значење дело за мали ученици со заложба на градоначалникот Кирил Пецаков е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи.На промоцијата на книгата градоналникот Кирил Пецаков имаше пригодно обраќање:– Почитувани автори на „Охридската археолошка азбука, ценети професори, уредници, рецензенти, почитувани археолози, дами и господаДозволете да...
Во вторник предновогодишен германски базар на учениците од основните и средните училишта во Охрид
Views: 109 На иницијатива на Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија, а со поддршка на градоначалникот на Општина Охрид, господинот Кирил Пецаков и Гете-институтот од Скопје, како и на општествено одговорните компании ЛТХ Леарница и Костал од Охрид, вклучувајќи ги и Црвениот крст од Охрид и СВР Охрид, на ден 10.12.2024 во периодот од 17:00 до 18:30 часот ќе се одржи традиционален предновогодишен германски базар.На базарот, со свои новогодишни ракотворби и вкусна храна ќе се претстават учениците од основните и...








