Автор: инфодеск
Views: 56 Денес, 5-ти декември во Касарна Хаб во Охрид со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.Учесници на панелот ќе бидат: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, проф. д-р Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски,...
Претежно облачно со локални врнежи од дожд и температури до 7 степени
Views: 59 Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во...
Клубот за подводни дејности Охрид и Здружение НАТГ „Аматер“ добитници на Повелбата „Св Климент Охридски“
Views: 81 Клубот за подводни дејности Охрид и Здружение на граѓани НАТГ „Аматер“ – Охрид (Културолошка Иницијатива 5 до 12) се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2024 година.Клубот за подводни дејности Охрид – најстар активен нуркачки клуб во Македонија. Со своето 40 годишно постоење го промовирал градот...
Фронт 21/42: Невладеењето на правото го уништува светското наследство
Views: 88 Денес во Стразбург, Постојниот комитет на Бернската конвенција ќе го разгледува спроведувањето на препораките за отворениот случај за заканите врз Охридското Езеро и Националиот парк Галичица, информираат од Фронт 21/42. Од невладината организација велат дека државата во изминатата година не само што не спровела ниту една од 15 препораки, туку за 4 состојбата е уште полоша.-Минатата недела се објави Извештајот на мисијата на УНЕСКО од 2024 година – по трет пат експертите заклучуваат дека Охридскиот Регион ги исполнува критериумите за светско наследство во опасност,...
Храбро срце бара поголема финансиска поддршка за трансплантации на органи
Views: 120 Националното здружение „Храбро срце” остро реагира на предлог буџетот за 2025 година. За трансплантации на органи и ткива се предвидуваат само 9 милиони денари.Пациентите се жалат, велат потребна е поголема финансиска поддршка за Програмата за трансплантации, да се даде шанса за живот на повеќе пациенти.„За разни маргинализирани групи е даваат 90 милиони денари за превенција од болест за сексуално општење а една голема група на пацеиенти не по нивна олја се во една тешка ссостојба да им треба орган за трансплантација.“ , вели Васко Јолески...
ЈП „Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид започнa со доделување на садови за отпад на домаќинства
Views: 94 Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид започна со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од определени 4 (четири) улици.-Ј.П.„Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и дел од ул.,,Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул.,,Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од...
Јавен увид за донесените нацрт документи за поднесување предлози и забелешки по нацрт докуемнтите
Views: 90 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 04.12.2024 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2025 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 04.12.2024 год.Повеќе информации на линкот.
Пожар во патничко возило „мерцедес” паркирано на брегот на Охридското езеро
Views: 83 На 03.12.2024 во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на 59 годишно лице од охридското село Пештани, кое било паркирано пред плажа на брегот на Охридското езеро. Повредени лица нема, а увид на местото, по наредба на јавен обвинител, извршија полициски екипи, известуваат од СВР Охрид.








