Автор: инфодеск
Post Views: 266 За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 22 сантиметри понизок од просечниот за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,88 метри е и нивото на Преспанското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,53 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.Нивоата, пак, на повеќето реки во земјава...
Следува период на стабилно и потопло време
Post Views: 353 Следува период на стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди. Порастот на дневните температури ќе се задржи до крајот на оваа недела, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Утре ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2 степени, а максималната ќе се движи од 5 до 13 степени.Во среда максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени, во четврток од 9 до 15 степени, во петок 11 до 18 степени, во сабота од 10 до 17 степени, а во недела од 11...
Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу
Post Views: 418 Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите – истакна Џафери. Пред почетокот на 103....
Претставата Енергични луѓе во сабота пред охриѓани
Post Views: 491 Со претставата „Енергични луѓе” според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар Охрид ја започнува новата сезона. Претставата ќе биде изведена во сабота на 18.02.2023 година, со почеток во 20.00 часот.Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска. Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е...
На ФТУ одржани стручни предавања на ученици од СОСУ Св. Кирил и Методиј
Post Views: 450 На ФТУ Охрид се одржаа серија на стручни предавања на учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.Предавањата се резултат на долгогодишната соработка помеѓу овие две институции, иницирана од страна на проф. д-р Александар Трајков и проф. Горан Попоски.Предавањата беа одржани од страна на доц. д-р Бојан Србиноски и проф. д-р Александар Трајков, а паралелно, деканот на ФТУ Охрид, проф. д-р Снежана Дичевска оствари средба со претставници на училиштето на која беа договорени и други форми на соработка.
Македонските туристички потенцијали претставени на саем во Милано
Post Views: 301 За прв пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора како дел од проектот “Interreg IPA CBC ABOVE” кофинансиран од Европската Унија се претставија на саемот “BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.Македонија и 12 локации во Република Грција од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови. Проектот „ОД ГОРЕ” има за цел да ги прикаже најдобрите природни и географски знаменитости на начин досега...
Знамињата во Македонија денеска на пола копје
Post Views: 541 Владата донесе одлука со која 13-ти февруари, понеделник, е прогласен за ден на жалост на Република Северна Македонија.Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6-ти февруари 2023 година. За време на денешниот ден на жалост, знамето на Република Северна Македонија, ќе биде истакнато на половина копје, во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва во странство.
РСБСП : Возете внимателно за празникот на љубовта и виното
Post Views: 271 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел возачите да управуваат совесно и одговорно со своите возила за време на празниците Свети Валентин и Свети Трифун.Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј...
УЈП предупредува на лажни смс пораки во нивно име
Post Views: 412 Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денес непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички. Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija“.Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА...
Охриѓанец се однесувал агресивно кон гости во казино
Post Views: 359 На 12.02.2023 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е И.Г.(38) од Охрид.Тој претходно во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон присутните гости, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Роман Абрамович се враќа во фудбалот?
Post Views: 582 Рускиот милијардер, Роман Абрамович кој 19 години беше газда на Челзи, сега е без клуб откако мораше да ги продаде „сините“ поради војната во Украина, но изгледа дека не може без фудбал.Сега бразилските медиуми пренесуваат дека Абрамович може да купи клуб од Бразил, а имал две опции, Атлетико Минеиро и Сао Паоло.Новата идеја на Абрамович е да создаде екипа со која ќе доминира во Јужна Америка.
Три камиони со помош од Охрид и регионот заминаа за Турција и Сирија
Post Views: 284 Охриѓани и жителите од поширокиот охридско-струшки регион масовно се одзваа на повикот на градската филијала на Младинското волонтерско здружение на Турците „ТГА“, за собирање помош за настраданите подрачја во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.За само неколку дена се собрани три шлепери помош во храна, вода, облека, средства за хигиена, ќебиња, покривачи, пелени… Камионите со собрана донација заминаа за Гостивар, каде помошта ќе биде претоварена во возила на Светската кампања за помош при земјотреси, од каде ќе замине за турскиот град...
