Skip to main content

Автор: инфодеск

Гимназија

ОСУ “Св. Климент Охридски”  ќе го одбележи својот Патронен празник

Views: 90 ОСУ “Св. Климент Охридски” , по повод Патрониот празник  на гимназијата ќе одржи Свечена академија.Свечената академија која е организирана заедно со Општина Охрид ќе се одржи во сабота, 07.12.2024 со почеток во 19:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Продолжи со читање

Одличен успех на гимназијалците на UltiMATH натпреварот

Views: 90 Минатиов викенд, на 30.11.2024 и 1.12 2024, во Скопје се одржа првиот UltiMATH натпревар по математика организиран од Brainster Next факултет.„На овој настан нашите гимназијалци не останаа незабележани. Од вкупно 2500 учесници, наши 37 ученици се пласираа во наредната фаза каде што имаше 350 учесници. Со тоа влеговме во топ 3 Гимназии во државата со најмногу учесници. Понатаму, нашите Климент Велкоски, Теодора Трајческа и Дарио Павлески се пласираа во уште потесниот круг од 150 учесници од целата држава. А за вистинска пофалба и гордост е нашиот ученик Климент Велкоски...

Продолжи со читање

Сам против сите – Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија                                                    

Views: 67 Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски учествуваше на Европскиот Таеквон-до ИТФ  куп во Софија, соседна Бугарија, кој се одржа од 30.11-01.12.2024 година, каде учествуваа 966   натпреварувачи од 14 земји од Европа. Боите на нашата држава ги претставуваа 10 натпреваувачи кои и овај пат не заборавија да не направат горди како Македонци, освојувајќи 2 златни и 2 сребрени медали.„Премногу се гордеам што имаме натпреварувачи од типот на Давид Крстески и Христијана Парулеска,...

Продолжи со читање

Се монтира централно топловодно греење во училишната зграда во село Оровник

Views: 68 Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење, каде ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село Мешеишта и село Требеништа.„Со ваквите проекти ги подобруваме условите за учење не само на сегашните,туку и на идните генерации.“ – вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

Продолжи со читање

Посета на општина Дебрца од страна на учесниците во проектот Fast Forward – младинска размена од Еразмус проект

Views: 89 Во текот на вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени.Учесниците  беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија, информираат од Општина Дебрца.Учесниците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато, a беа примени од страна на Градоначалникот Зоран Ногачески каде тој ја истакна заложбата на Општината за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој), како и...

Продолжи со читање

Проф.д-р Павле Митрески е добитник на највисокото општинско признание наградата  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ 

Views: 69 Проф.д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата  „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година.  Стручната комисија за доделување општински награди и признанија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите, проф.д-рТатјана Димоска, Славе Ѓорѓо Димоски, Горан Стојаноски и Горан Патчев, одлуката ја донесоа едногласно и го доставија предлогот до градоначалникот Кирил Пецаков.Според Стручната комисија, биографијата на проф. д-р Павле Митрески се издвојува поради неговото големо високовредносно и величествено...

Продолжи со читање

Денес се одбележува Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Views: 62 Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла.Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи...

Продолжи со читање

Променливо облачно време со слаб локален дожд

Views: 54 Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Утре во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни и на планините снежната покривка ќе се зголемува. Во недела ќе дува засилен јужен...

Продолжи со читање