Skip to main content

Автор: инфодеск

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Post Views: 208 Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада. Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”. Од Ноу Камп реагирале...

Продолжи со читање

Шпанците го “приватизираа” евро фудбалот

Post Views: 244 Со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на Европа Севиља запечати уште една сезона во која Шпанците освојуваат сѐ. Имајќи во предвид дека Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се среќаваат во финалето на Лигата на шампиони ќе се случи нешто што досега не се случило – три сезони по ред клубови од иста земја да ги освојуваат ЛШ и ЛЕ. Со триумфот на Севиља во Базел, Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување со 10 освоени титули. Италијаните имааат 9, а Англичаните 7 титули во Лигатата на Европа, односно Уефа. Ако Ливерпул синоќа славеше...

Продолжи со читање

Формула1 доби нов најмлад победник во својата историја

Post Views: 241 Победник за Големата награда на Шпанија е 18 годишниот Холанѓанец Макс Верстапен, голем талент кој со овој триумф стана најмладиот воач кој некогаш славел на трка во Формула 1. Петтата трка оваа сезона имаше спектакуларен старт – по неколку стотина метри се судрија Нико Розберг и Луис Хамилтон, двоецот од Мерцедес кој е и оваа година покажа дека е доминантен болид во Ф1. Тоа автоматски значеше дека победничката низа на Розберг е прекината. Кога од патеката се тргна безбедносното возило водечки беше Даниел Рикардо пред Верстапен, а зад возилата на Ред Бул се сместија...

Продолжи со читање

ТРАГЕДИЈА : Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Post Views: 264 Вистински шок за македонската спортска јавност предизвика информацијата дека починала поранешната ракометна репрезентативка Јулијана Николиќ. Претходно позната по презимето Портјанко, натурализираната Македонка пристигна во редовите на Кометал Ѓорче Петров во 2003 година, а потоа ја прифати и понудата да настапува за нашата репрезентација. Последните натпревари за македонската репрезентација ги одигра во 2012 година.  По настапите за Кометал, од 2009 година Николиќ беше членка на неколку европски екипи, по што се врати во Македонија и го носеше дресот на...

Продолжи со читање

Апсолутна доминација на Барселона, Реал во длабока сенка

Post Views: 208 Кога во 2012 година си заминуваше Пеп Гвардиола, многумина предвидуваа дека тоа ќе биде крај на доминацијата на Барселона во шпанскиот, па и во европскиот фудбал. Но, реално тоа не се случи и покрај впечатокот дека тоа не е онаа Барселона од периодот со Пеп. Кога некој ќе освои 6 наслови првак во последните 8 години, тогаш доминацијата е збор кој навистина ја опишува состојбата. Четири шампионски титули во Европа во последните десет сезони, исто така, доволно говорат кој владее со европскиот фудбал бидејќи во тој период никој не станал барем два пати првак на Европа. Луис...

Продолжи со читање

Косово и Гибралтар се нови членки на ФИФА

Post Views: 218 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на конгресот во Мексико Сити ги прими Косово и Гибралтар како свои нови членки. Делегатите на конгресот во мексиканската престолнина со 141 глас за и 23 гласа против го примија Косово како 210 членка на ФИФА. На почетокот на мај тоа го направи и УЕФА што беше и услов ФИФА да го прими Косово како членка. “Косово се соочува со предизвици, тоа е очигледно. Потребни се нови инвестиции. Има многу финансиски предизвици и организацискиот капацитет е ограничен. Но, и покрај тоа, таму има очигледна љубов и страст кон фудбалот и голем...

Продолжи со читање

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Post Views: 1.067 Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев.Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои пристигнале...

Продолжи со читање

Судот со одлука за конечен крај на Мишел Платини

Post Views: 193 Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација. Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка...

Продолжи со читање

Ливерпул ја спаси честа на остатокот на Европа

Post Views: 194 По синоќешните реванш натпревари во Лига Европа финале изборија Ливерпул и Севиља, додека во финалето на Лигата на шампиони ќе играат мадридските клубови Реал и Атлетико. Досега пет пати се има случено во финалињата да има по три клуба од иста земја. Последен пат три финалисти имаа Шпанците во 2014 година кога во финалето на Лигата на шампиони играа Реал и Атлетико, а во финалето на Лига Европа се сретнаа Севиља и Бенфика. На крајот славеа Реал и Севиља. Во сезоната 1997/98 три претставници во финалињата имаа Италијаните. Во финалето на ЛШ играа Реал Мадрид и Јувентус,...

Продолжи со читање

Повторно мадридско финале во Лигата на шампиони

Post Views: 201 Вториот финалист на Лигата на шампиони е Реал Мадрид кој со 1-0 во реваншот го победи Манчестер Сити. Кралскиот клуб на 28 мај во Милано ќе игра против градскиот ривал Атлетико кој го елиминира пак Баерн од Минхен. Кралскиот клуб заслужено дојде до финалето бидејќи во текот на сите 90 минути доминираше против анемичниот Манчестер Сити, кој може да биде задоволен што од Бернабеу замина само со еден примен гол. Шпанскиот состав, особено во вториот дел, пропушти неколку фантастични прилики и би било сосем незаслужено ако англискиот тим во завршницата постигнеше гол...

Продолжи со читање

Атлетико Мадрид на 28 мај ќе ја лови својата прва европска круна

Post Views: 193 Атлетико Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампиони. Шпанскиот клуб на Алианц арената загуби со 2-1, но до големото финале стигна благодарение на првиот натпревар кој го доби со 1-0. “Горд сум на својата екипа. Игравме многу добро, како и второто полуврее во Мадрид. Игравме добро против Јувентус, Бенфика и Атлетико и поради тоа можам мирно да спијам. Пробавме сѐ да дојдеме до финалето. Дадов сѐ од себе во овие три години и се надевам дека Карло ќе успее. Ми е жал за играчите бидејќи заслужија финале, но исто така го заслужија и играчите на Атлетико”, изјави...

Продолжи со читање

Сензационални прваци на Англија

Post Views: 205 Прв пат во својата 132 годишна традиција Лестер Сити стана првак на Англија откако Тотенхем не успеа да слави кај Челзи во последниот натпревар од 36 коло на Премиер лигата. Лисиците ја завршија една од најубавите фудбалски бајки кои некогаш се испишани, бидејќи од кандидат за опстанок во лигата пред сезоната ги надминаа сите очекувања и го шокираа светот. Лестер Сити е основан во 1884 година и никогаш во својата историја не освоил голем трофеј. Најголемиот успех е отстварен во далечната 1929 година кога биле втори на крајот во првенството. Најголемиот успех во...

Продолжи со читање