Автор: инфодеск
Views: 81 Дневните центри за лица со попреченост треба да бидат под државна капа со цел да се обезбеди нивно сигурно и стабилно функционирање. Ова беше истакнато денеска од родители и вработени во Дневниот центар „Зраци“ кој на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ги отвори вратите за сите граѓани и организации кои сакаат да се запознаат со центарот кој за 15-тина штитеници е втор дом.Орхидеја Топенчарова, родител на дете со попреченост кое го посетува дневниот центар веќе 23 години, кажува дека нејзината ќерка е задоволна и среќна тука за што изразува голема благодарност на...
Во петок ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“
Views: 92 На 6 декември 2024 година во 12 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена „Изложба на пафти, токи, колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј“. На изложбата ќе бидат презентирани експонати што се дел од богатата етнолошка збирка при НУ Завод и Музеј – Охрид. Вредни примероци, врвни занаетчиски изработки, највпечатлив накит на народната носија, но и дополнителен украс на градската облека што се носеле до средината на XX век. Повеќето потекнуваат од југозападниот и западниот дел на Македонија, а изработени се во XIX и почетокот на XX век. Кај овие украси...
Уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром, кај неа биле пронајдени девет куршуми за пиштол
Views: 77 На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник во регионот
Views: 78 Одделенската наставничка Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник на 7-мата регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни работници, се...
ЈП „Градски пазар“ издава под закуп типизирани тезги – куќарки на плоштадот Св. Климент Охридски
Views: 115 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2024 год. бр. 08 – 2953/3год. од 14.03.2024 год („Сл.гласник на општина Охрид бр.3/2024), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 4478/11 од 16.04.2024 година, Извод бр.19-13953/2 од 19.11.2024г. и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-481/4 од 29.11.2024 год. Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАС бр. 12/2024ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА...
ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи
Views: 100 Врз основа на Одлуката бр. 02–481/5 донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид на ден 29.11.2024г., Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид обајвува:О Г Л А С 1. ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар и Мини Пазар на Ул Сирма Војвода бр.7.Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат...
ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на новогодишни украси кај Стариот Чинар
Views: 72Врз основа на Одлуката бр. 02-481/3 донесена од страна на Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид, на ден 29.11.2024г., Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:ОГЛАСПо повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД издава под закуп унифицирани тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават најдоцна до 04.12.2024 година во административните простории на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД, а дополнителни информации можат да се...
Симулациска показна вежба за евакуација и спасување во РЦСОО „Ванчо Питошески“
Views: 55 Во рамки на активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е утре, 04.12.2024 г. (среда) да се реализира симулациска показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид (средно угостителско училиште).Симулациската вежба ќе започне во 10:30 ч, информираат од Црвен крст Охрид.








