Skip to main content

Автор: инфодеск

Свеќи црква

Светиот пророк Михеј II

Views: 133 Oд племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Језекиј. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци кои пророкуваа „за вино и жесток пијалок“. Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Ерусалим, која ќе дојде затоа што поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Ерусалим ќе стане како купиште.“ Но, од сите негови пророштва...

Продолжи со читање

Во Охрид денес времето сончево и топло

Views: 178 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.Во Охрид денес минималните температури од 17, а максималните до 34 степени Цезлзиусови.За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Продолжи со читање

Утре изложба на ламби, „Светлосни фрагменти“ на доц. м-р Марија Рашковиќ

Views: 243 Во организација на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, утре, четврток, 27 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Лапидариумот, во рамки на Националната установа, ќе биде отворена изложбата на ламби, насловена „Светлосни фрагменти“.– Ве покануваме на вечер, исполнета со уметност, емоција и инспирација. Во магичниот амбиент на Охридскиот Лапидариум, светлината ќе раскаже своја приказна, со уникатните Светлосни фрагменти – композиции на доц. м-р Марија Рашковиќ, во кои македонските етно – мотиви добиваат современ израз, порачуваат од Завод за...

Продолжи со читање

Продолжениот престој во ОУ„Григор Прличев“ засега само за учениците од второ одделение

Views: 196 ОУ„Григор Прличев“ ги известува родителите дека продолжениот престој во претстојниот период ќе биде организиран само за учениците од второ одделение и тоа во претпладневната смена, а за учениците од трето одделение, продолжениот престој ќе започне по завршувањето на градежните работи.Во нивното соопштение информираат дека продолжениот престој ќе се реализира во училница број 2, во новата училишна зграда. Од училиштето посочуваат дека родителите навремено ќе бидат известени за дополнителните детали поврзани со почетокот и организацијата на престојот.Од училиштето упатија...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Во угостителски објект на плажа во Охрид точеле алкохол на малолетници

Views: 176 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Скопје и против правно лице од Скопје, чиј сопственик е пријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик.При контрола во угостителски објект на една плажа во Охрид, извршена на 29 јули 2026 година, со кој стопанисувале пријавените, полициските службеници затекнале малолетни лица на кои им било овозможено да консумираат алкохолни пијалоци.

Продолжи со читање

Започнува музичката програма на Ohrid Water Festival

Views: 256 Со концерт на Ѓоко Танески, вечерва од 21 часот, започнува музичката програма во рамки на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. Организаторите најавуваат четири вечери исполнети со музика и забава.Утре е детски ден со „Златно Славејче“ од 19:30 часот, на 28 август ќе настапи групата Везилка од 21:00, а на 29 август групата „Нокаут“ од 21:00 часот.Концертите ќе се одржуваат на сцената на Кеј Македонија, пред хотелот „Палас“. Влезот е бесплатен.

Продолжи со читање

Црковно народна прослава во Куратица на Успение на Пресвета Богородица и 25 години од изградбата на храмот

Views: 202 Во село Куратица во петок, 28 август, свечено ќе биде одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица, а годинава се одбележуваат и 25 години од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.По повод големиот христијански празник, Црковниот одбор „Св. Никола“ од Куратица подготви богата програма со црковни и музички содржини, како и заеднички ручек за верниците и посетителите.Во пресрет на празникот, во четврток, 27 август, црквата ќе биде отворена од 18 часот до 1 часот по полноќ. Верниците и посетителите ќе имаат можност да запалат свеќа и да бидат...

Продолжи со читање

СВР Охрид со 479 прекршоци во засилените контроли на тротинети, мопеди, мотоцикли и велосипеди

Views: 164 СВР Охрид со засилени сообраќајни контроли констатираше вкупно 479 прекршоци кај возачи на електрични тротинети, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.Контролите се спроведени во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година, во рамки на зајакнатите акциски контроли на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата.Од вкупниот број прекршоци констатирани во Охрид, 59 се однесуваат на возачи на електрични тротинети, додека 420 прекршоци се констатирани кај возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли...

Продолжи со читање