Автор: инфодеск
Views: 56 Претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
Забрана за пиење вода во с. Лескоец поради контаминација
Views: 62 ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува корисниците од с.Лескоец, дека настаната е контаминација на водата за пиење во и околу мерно место с.Лескоец – Охрид.Од страна на ЈЗУ ЦЈЗ – Охрид земена е повторно вода за анализа од ова мерно место и се додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу мерно место с.Лескоец – Охрид.
Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето”
Views: 69 Магистер доцент Ѓорѓи Цуцковски, оперски пејач, првенец на Операта при Националната опера и балет (НОБ), е новиот директор на НУ „Охридско лето”. Тој доаѓа на местото на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци.Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и ширум Европа. Освен како истакнат македонски уметник има дадено особен придонес за...
Панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“ во четврток во Касарна Хаб
Views: 170 Во четврток, на 5-ти декември ќе се одржи панел дискусија на тема „Збогум Буково и Мауцкер“, во организација на иницијативата „Збогум Буково“.Учесници на панелот ќе бидат: Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, Емил Ангелов, лидер на тимот одговорен за спроведување на проектот за оддржливо управување со отпад во Македонија поддржан од SALAR International, проф. д-р Драган Ѓорѓев, специјалист по здравствена екологија и Блаже Јосифовски, претставник од граѓанскиот сектор, Go Green од...
Општина Охрид со известување за наплата на фирмарина
Views: 106 Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21, 118/24”) и согласно одредбите во законот за Комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16,) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2022 год.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски, најдоцна до 06. 12.2024 год.Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице...
Менса Македонија организира тестирање на интелигенција
Views: 65 Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 03.12.2024 (Вторник) со почеток во 18:30.Тестирањето ќе се одржи на факултетот за Електротехника и Информатички Технологии, согласно кампањата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за крводарители.Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот:https://www.facebook.com/events/931890928812036или на FB страната на Менса Македонијаhttps://www.facebook.com/profile.php?id=100064501127471
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син
Views: 86 Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер Бајден за неговите пресуди за оружје и за затајување данок. Својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење. Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако откако ја презеде функцијата рече дека нема да се меша во одлуките донесени од судовите и Министерството за правда.Во помилувањето се наведува дека Бајден му дал „целосно и безусловно“ помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември...
Во Охрид на 2 август доаѓа Џејсон Деруло
Views: 268 Светската музичка ѕвезда Џејсон Деруло на 2 август ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.„Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид на листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, со милијарди стримови и прегледи на YouTube, но и армија од обожаватели ширум светот, за првпат ќе ја испише својата магија на македонската сцена“, велат организаторите.Билетите ќе бидат пуштени во предпродажба од среда, 10 часот, по цена од 1500 денари.








