Автор: инфодеск
Post Views: 423 Според податоците на властите од Турција и во Сирија, бројот на загинати сега изнесува најмалку 17.176.Бројот на жртви во Турција се искачи на 14.014 – рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на посетата на погодените подрачја во јужниот град Газиантеп.Вкупниот број на смртни случаи во Сирија изнесува најмалку 3.162, вклучувајќи 1900 во подрачјата кои се под контрола на бунтовниците на северозападниот дел, и 1262 смртни случаи кои се под контрола на Владата.
Земјотрес почувствуван во Охрид
Post Views: 343 Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.Како што јавуваат читатели на твм.мк, земјотресот бил почувствуван и во околината на маастирскиот комплекс Св. Наум, Љубаништа, но и во соседна...
Ги запознаваме ретките болести : Канаванова болест
Post Views: 355 Канавановата болест за првпат била опишана во 1931 година од страна на американскиот патолог и истражувач д-р Миртел Канаван. Во својот труд, го опишала случајот на дете кое починало на 16-месечна возраст чиј мозок имал сунѓерестобел дел. Д-р Канаван била првaта којашто го идентификувала ова дегенеративно нарушување на централниот нервен систем, кое подоцна било именувано во нејзина чест.Канавановата болест е најчестото невролошко дегенеративно нарушување во детството. Претставува болест од групата генетски нарушувања наречени леукодистрофии, што доведува до...
До недела сончево и студено време
Post Views: 358 Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, кои во сабота ќе се спуштат и до -13 степени.Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури, соопшти УХМР.
Вработените во ООУ Св. Климент Охридски со поддршка за ретките
Post Views: 332 Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, вработените во ООУ ,, Св. Климент Охридски” – Охрид и директорот на училиштето Јордан Пуроски, ги обоија своите раце во боите на ретките болести.Тие испраќаат порака дека не треба да ги нагласуваме различностите туку заедно да изградиме подобра училишна средина и да го направиме училиштето подобро место за сите нас.Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност – гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.
Охридските стрелци настапија на меѓународен куп во Србија
Post Views: 320 На самиот старт на натпреварувачката сезона, стрелците на ,,СК Охрид” и ЖСК ,,Лихнидос”, настапиjа на меѓународниот Куп ,,Војводина 2023″ во Нови Сад, Р. Србија.Истите зедоа учество во двата натпреварувачки дена, во поединечна конкуренција и Mix team. Во категорија на јуниори – пушка, Бојан Спасеновски, со резултат од 612.1 круг се пласира на 7-мата позиција, од вкупно 12 натпреварувачи, односно 11-то пласиран од вкупно 19 натпреварувачи во севкупен пласман – мажи. На истиот му недостасуваа само 5 круга за влез во финале. Во...
Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција
Post Views: 502 На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Т.(36) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Финансиска донација, прв акт на солидарност
Post Views: 258 Во моментов, како прв одговор за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, максимален придонес се постигнува со донирање финансиска помош. Црвениот Крст веднаш по елементарната непогода ги активира механизамите со понуда за помош. 24 часа е отворена транскакциска смета и телефонски број за донации на парични средства од граѓани и правни лица. Сашо Точков, Претседателот на Црвен Крст Охрид, вели дека се во комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина. Од нив се очекуваат барања за конкретни...
Благојче Илиевски ја загуби битката со цистична фиброза
Post Views: 421 Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски починал. Веста ја потврдија од Здружението за цистична фиброза. Илиевски беше дел од Асоцијацијата која се бори за државата да го набави лекот „Трикафта“.Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно...
Жител на струмичко село ширел говор на омраза на фејсбук
Post Views: 248 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(37) од струмичкото село Секирник, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, по објава од еден портал на социјална мрежа фејсбук, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Кривична пријава за жител на Октиси
Post Views: 399 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Ц.(54) од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”.Тој, во својство на службено лице референт по сеча и дотур во ЈП „Национални шуми”- Подрачно шумско стопанство „Јабланица” Струга, на 01.11.2022 изготвил испратница со невистинита содржина, ја заверил со службен печат, внесувајќи во неа невистинити податоци за бесправно исечено огревно дрво. Со тоа, пријавениот им...
Пожарникари од Охрид заминуваат на помош во Турција
Post Views: 426 Осуммина пожарникари од Охрид специјално обучени за делување при елементарни непогоди заминуваат во спасувачка мисија во Турција. Таму ќе помагаат на граѓаните во настраданите подрачја.Командирот Борко Јанкулоски за ТВМ вели петмина од нив се пожарникари, тројца се возачи и сите заеднички се подготвени професионално да одговорат на задачата. Ќе помагаат во извлекување на жртвите. Во спасувачките операции во погодените подрачја моментално се ангажирани повеќе од 79.000 лица, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери,...
