Skip to main content

Автор: инфодеск

По која цена купивте леб денеска?

Post Views: 287 Леб по пониска цена, најавија пекарите.Компаниите од прехранбената индустрија, кои од 1-ви декември ќе користат субвенционирана струја во своето производство, треба да ги намалат цените на основните прехранбени производи во претстојниот период. Први од листата основни производи кои треба да се продаваат по корегирани пониски цени за 10% се пекарските.Власта најави засилени контроли од страна на Државниот пазарен инспекторат во маркетите. Министерот за економија ги повика и граѓаните доколку забележат дека цените на основните прехранбени производи во...

Продолжи со читање

ТАВ поттикнува отворање авиолинии меѓу Македонија и Шпанија

Post Views: 256 ТАВ Македонија, заедно со домашниот тур-оператор за дојдовен туризам Balkan Prime Tours, во изминатите три дена беа домаќини на влијателен шпански блогер и претставници на седум реномирани туристички агенции од Шпанија. Целта на оваа иницијатива е да се креира интерес за Македонија како туристичка дестинација кај шпанските патници, со што ќе се поттикнат авиокомпаниите да воведат директни авиолинии меѓу двете земји.Како аеродромски оператор ние секогаш ги слушаме барањата на патниците. Многумина од нив посакуваат авиолинии од Скопје до Барселона и Мадрид,...

Продолжи со читање

Ќе се подобрува енергетската ефикасност во Југозападниот регион

Post Views: 196 Ќе се подобрува енергетската ефикасност во Југозападниот регион во земјава. Во проектот се вклучени седум општини, а ќе се интервенира на 13 објекти.Две училишта во Струга, по едно во Дебар и Пласница ќе добијат термо фасада, додека во општина Кичево на четири училишта ќе се поставуваат системи за фотоволтаици. Енергетската криза ги натера општините да размислуваат за обновливи извори на енергија.Со оглед на енергетската криза еве сега повторно имаме таков тип на интервенции и се поголем е интересот за поставување на фотоволтаици за производство на...

Продолжи со читање

Денес е Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Post Views: 268 Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ вирусот и натаму останува глобален проблем за јавното здравје, кој погодува над два милиони луѓе во европскиот регион.Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Ресурсите се намалени, а како резултат на тоа, голем број животи се загрозени.До 2022 година од ХИВ/СИДА во земјава починале 123 лица, а 451 лице живее со ХИВ/СИДА.Во текот на октомври, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје, регистрирани се пет нови случаи. Сите се...

Продолжи со читање

Заврши изградбата на патеката до ОУ Св. Климент Охридски

Post Views: 228 Заврши изградбата на пристапната патека за учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“.Патеката е во должина од 45 метра, а покрај неа се изгради и потпорен ѕид – информира градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Продолжи со читање

Жител на Лескоец нападнал вработени во казино

Post Views: 314 На 30.11.2022 година во 01:45 часот во казино на улица „Кленоец” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и навреди кон вработените, извршено од Н.П.(45) од охридското село Лескоец.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Кривична пријава против охриѓанец

Post Views: 376 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(64) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули” и „Марко Нестороски” во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патнички автомобил „фолксваген голф” и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган – информира Стефан Димоски,...

Продолжи со читање

Идејата за хуманитарни паркинзи дава резултати

Post Views: 355 Првите хуманитарни паркинзи во Охрид обележани годинава на Кеј Македонија се користат, но не пречесто. Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ на предлог на Градоналникот Кирил Пецаков во екот на летната сезона одвои две паркинг места и ја оформи паркинг зона Х, непосредно пред пресекот на Кејот со улица Јане Сандански.Теодор Андоноски, директорот на претпријатието смета дека овие паркинзи се јасно обележани, потенцира дека цената е иста како и останатите. Граѓаните не треба да ги мешаат со паркинзите наменети за лицата со попреченост, туку често да ги...

Продолжи со читање

Над 8000 деца во Србија жртви на семејно насилство

Post Views: 383 Во Србија, во текот на 2021 година, повеќе од 8.000 деца биле изложени на семејно насилство, предупреди денеска мисијата на УНИЦЕФ и оцени дека зголемувањето на бројот на пријавени случаи на врсничко насилство и насилство врз учениците е „добар чекор“ кон решавање на проблемот, пренесе Бета.Во соопштението тие побараа законска забрана за физичко казнување на децата, наведувајќи дека околу 45 отсто од децата во Србија се „насилно дисциплинирани дома“.Како и со сите други форми на насилство, насилството меѓу врсниците е резултат на модели на однесување...

Продолжи со читање

Симулациска вежба на паднат авион

Post Views: 316 На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска беше изведена симулациска вежба на паднат авион, организирана од противпожарните екипи на Аеродромот. На вежбата учествувале сите инволвирани итни служби од Охрид и Струга, односно територијалните противпожарни единици, брзата помош и полицијата.Целта на вежбата, како што информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски, било временското пристигнување на итните служби во случај на воздухопловна катастрофа.Ваквите вежби се од големо значење. Во случај на реална ситуација, брзината, меѓусебната...

Продолжи со читање

Меѓународна конференција за македонистика во Париз

Post Views: 256 Денес, среде Париз, во Франција, на Националниот институт за ориентални јазици и култури се одржува меѓународна конференција за македонистиката како ретка научна дисциплина. Оваа конференција, следи неколку месеци по одлуката за прифаќање на иницијативата за вклучување на македонистиката во француско-германскиот проект којшто има за цел да ги мапира ретките дисциплини во Франција и Германија, со што македонистиката доби статус со којшто е гарантирана нејзината заштита и зачувување, но и нејзината самостојност на ИНАЛКО и во Франција.Организацијата и учеството...

Продолжи со читање

Негативен природен прираст во Македонија

Post Views: 552 Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 %...

Продолжи со читање