Skip to main content

Автор: инфодеск

Автопат Охрид-Кичево

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид – Кичево

Views: 91 Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”.     “Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите претходни влади, кога почнале да работат требало да ги направат истражувањата.  И тоа се...

Продолжи со читање

Сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа кај Ботун, две лица ги загубија животите

Views: 153 Од засега непознати причини, утрово околу 7.30 часот, патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот на патниот правец Охрид – Кичево кај селото Ботун. Во несреќата две лица ги загубија животите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид- Кичево, во близина на селото Ботун.На тоа место моментално се работи на изградбата на новиот автопат, а сообраќајот се одвива со девијации односно со пренасочување на возилата од една на друга автопатска лента....

Продолжи со читање

Семејно насилство

Физички нападната жена од нејзиниот сопруг во нејзиниот дом во охридско село

Views: 74 На 29.11.2024 во 03.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека маж од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга во нејзиниот дом во охридско село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот билтен.

Продолжи со читање

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Views: 77 Со заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи деновиве во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.До денес овие активности се реализирани во селата Оровник,Горенци Требеништа и Волино, но со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца, информираат од Општина Дебрца.

Продолжи со читање

Општина Охрид

Свикана 50. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 75 Свикана е 50. седница на Советот на Општина Охрид за 04.12.2024 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.За дневен ред предложен е следниот:Усвојување на Записникот од 48-та седницаПредлог-oдлука  за усвојување на извештајот за работaтa на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2024 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.07. – 30.09.2024 година.Предлог-oдлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавен повик за доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја

Views: 94 Согласно членовите 5 и 17 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид објавува:ЈАВЕН ПОВИКЗа доставување предлози за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја.Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Општина Охрид подготвува Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со меморијални споменици и спомен – обележја, за период од пет години.Со...

Продолжи со читање

ЈЗУ Општа болница Охрид доби решение со кое ќе може да формира комисија за издавање на наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице

Views: 78 ЈЗУ Општа болница Охрид доби решение со кое ќе може да формира комисија за издавање на наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.–Комисијата е веќе формирана и ќе започне со работа во најкраток можен рок, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид .

Продолжи со читање

Обвинителство презема мерки за расчистување на инцидентот со уништувањето на македонското знаме, политичките партии со осуда на хулиганското дивеење

Views: 74 По синоќешниот инцидент за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше искинато македонското знаме, денеска од Јавното обвинителство рекоа дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот. Инаку, инцидентот се случи во Скопје, каде што беше блокиран центарот на градот. Според видеоснимките објавени на социјалните мрежи, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ на Бит пазар се пукаше со огнено оружје, а се гледа и како група вандали го кинат македонското државно знаме, што предизвика голем револт кај граѓаните.Од опозицискиот СДСМ побараа од...

Продолжи со читање