Skip to main content

Автор: инфодеск

Украдени и оштетени дрвјата на патеката кон Горица

Post Views: 255 Општина Охрид најостро го осудува чинот на крадење и кршење млади дрвја на просторот од Скејт Паркот до хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123–те засадени  стебла од видот врба и даб на овој потег, три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на бул „Македонски Просветители“.Согласно проектот за едно...

Продолжи со читање

Поевтинуваат горивата

Post Views: 276 Бензините од вечерва на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,065 денари за килограм се...

Продолжи со читање

Во тек е исплатата на правата од детска и социјална заштита

Post Views: 354 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2023 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се...

Продолжи со читање

Уште еден земјотрес од 7,7 степени во Турција

Post Views: 439 Уште еден разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Според податоците на EMSC, епицентарот на овој земјотрес бил на 13 километри јужно од Елбистан.Според досегашните информации, повеќе од 1.200 луѓе загинале во разорниот земјотрес утринава, јави Си-Ен-Ен. Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во земјотресот се уништени повеќе од 2.800 згради.

Продолжи со читање

Бијонсе освои четири Греми и постави нов рекорд

Post Views: 331 Пејачката Бијонсе стана најуспешната добитничка на музичките награди „Греми“ досега, но на синоќешното доделување во Лос Анџелес ѝ побегна можеби најбитната награда – за најдобар албум, која ја доби Британецот Хари Стајлс, за „Harry’s House“.Бијонсе освои четири награди – за најдобра аренби-песна, традиционална аренби-изведба, денс/електронски албум и денс/електронски запис. Taкa, таа досега има вкупно 32 награди „Греми“, што е нов рекорд.Блуз, фолк и кантри-ветеранката Бони Раjт (73) ја доби наградата за песна на годината, за „Just Like...

Продолжи со читање

130 години од смртта на Григор Прличев

Post Views: 357 На 6 февруари во 1893 година во Охрид почина Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”.Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време.Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.Деновиве во Охрид, со низа активности се одбележува 130 годишнината од смртта на големиот поет и...

Продолжи со читање

Објавени списоците на корисниците на финансиска поддршка

Post Views: 277 Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на...

Продолжи со читање

Христијан Пендиков е отпуштен од болница

Post Views: 348 Секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков денеска е отпуштен од ВМА, пренесуваат бугарските медиуми.Тој беше примен на ВМА откако беше нападнат на 19 јануари 2023 година во Охрид. На 20 јануари со владиниот авион „Фалкон“ од Македонија во Бугарија беше пренесен и примен на лекување.Според информациите од нашиот источен сосед, неговото лекување ќе продолжи во домашни услови.

Продолжи со читање

Денеска е Преподобна Ксенија

Post Views: 374 Родена е во Рим како единица ќерка на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители и за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христовподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта...

Продолжи со читање

Над 670 загинати во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија

Post Views: 415 Црниот биланс од резорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихетеровата скала што рано утрово ги погоди јужните делови на Турција и северна Сирија се искачи на најмалку 670 загинати лица.Се стравува дека бројот на жртвите ќе продолжи да се зголемува.Урнати згради, како што пренесува Гардијан има на потегот од сириските градови Алепо и Хама до турскиот град Дијарбекир, што е растојание повеќе од 330 километри.Како што изјави Фуат Октај, потпретседател на Турција, речиси 1 710  згради се уништени во турските провинции Газиантеп и...

Продолжи со читање

Охриѓанец платил над 300 000 денари за пелети, но не ја добил нарачката

Post Views: 294 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Л.(49) од с. Лисичани, општина Пласница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.Тој со лажно прикажување, го довел во заблуда А.Т. од Охрид и му понудил пелети за огрев. Потоа, му испратил и две фактури, кои оштетениот ги платил во вкупен износ од 327.712 денари, но не ја добил нарачката – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

МПС : Полицајците покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата

Post Views: 271 Во име на раководството и на бројното членство на МПС упатуваме честитки до сите припадници на полицијата кои вчера, за време на чествувањето на денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата и беа на висина на своите задачи со што овозможија достојна реализација на планираните оперативни активности, се вели во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.„Свесни дека полициските активности вчера беа само финалната фаза, на која ѝ претходеа детални и активни подолготрајни...

Продолжи со читање