Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес ќе се одржи доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав”  

Views: 109 Денес со почеток во 12:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид ќе бидат дoделени наградите од конкурсот “Животот е убав“.На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.Од Црвен крст Охрид информираат дека на овогодинешниот конкурс пристигнати се вкупно 106 литературни и уметнички творби, а наградени се следните учесници:Поезија од I до V одд.-Прва награда – Јана Војдиноска – V одд. ООУ „ Кочо Рацин “ Охрид-Втора награда –...

Продолжи со читање

Денес повторно на репертоарот хит претставата „Секс, лаги и љубомора“

Views: 63 Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот денес со почеток во 20.00 часот.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

Продолжи со читање

29 ноември – спомен на Денот на Републиката

Views: 105 Денес се одбележува 29 -ти ноември, историски датум значаен за македонската државотворност. На овој ден пред 81 година во Јајце на заседанието на Авној се удрени темелите на македонската држава, нација и јазик  во рамките на поранешната југословенска држава. Пионерската заклетва беше едно од обележјата на најважниот државен празник во поранешна Југославија, а празникот на братството и единството неработно го прославуваа над 22 милиони граѓани. Денес граѓаните се сеќаваат на датумот 29-ти Ноември  само како на стариот Југословенски празник.Општинската организација на Сојузот...

Продолжи со читање

Денеска се празнува Св. Апостол и Евангелист Матеј

Views: 88 Православните христијани денеска го празнуваат Св. Апостол и Евангелист Матеј.Матeј, синoт на Алфeј, првo бил цариник (т.e. закупувач и сoбирач на данoкoт, или митар) и какo такoв Гo видeл Гoспoда вo Капeрнаум кадe штo бил пoвикан: “Врви пo Мeнe. И тoј стана и тргна пo Нeгo” (Мт. 9:9). Пoтoа Матeј му прирeдил дoчeк на Гoспoда вo свoјата куќа и тука дал пoвoд Гoспoд да искажe нeкoлку гoлeми вистини за Свoeтo дoаѓањe на зeмјата.Пo примањeтo на Св. Дух, свeти Матeј гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo вo Партија, Мидија и вo Eтиoпија, зeмја на црнцитe. Вo Eтиoпија за eпискoп...

Продолжи со читање

Општина Струга

Денес ќе бидат предадени во употреба новите простории на Управните служби при ОВР Струга

Views: 89 Денеска во Струга, на пригодна свеченост ќе бидат предадени во употреба новите простории на Управните служби при ОВР Струга со што, ќе биде официјализирано работењето на Управните служби во поранешната зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито”, информираат од СВР Охрид.На овој настан, што ќе се одржи во 11 часот, во поранешната зграда на општина Струга, ќе   присуствува и заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исеини.

Продолжи со читање

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Views: 76 Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.Под влијание на влажна и студена воздушна маса изутрина до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и...

Продолжи со читање

Дебарско-кичевскиот Митрополит г. Тимотеј погребан во Плаошкиот манастир

Views: 60 Охрид се прости од Митрополитот Дебарско кичевски Владиката Тимотеј кој цели 29 години ја водеше епархијата. Голем број верници, свештеници и монаси од земјава, но и од соседните земји денес на Плаошник, го испратија третиот по ред митрополит во епархијата.Заупокоената Света литургија од рано утрово се одржа во катедраланата Св Софија. Oва е тажен ден за МПЦ. рече во своето послание Архиепископот македонски г.г. Стефан.–И во градителството и вов озобновувањето на древните светињи со кои изобилуваат и Охрид и дебарско кичевската епархија. Плаошни и...

Продолжи со читање

Во Колумбија запленети рекордни 225 тони кокаин

Views: 72 Операцијата Орион, кооперативна операција меѓу 62 земји, открива дел од рекордот на нова рута на дрога што се користи од „нарко подморницата“.Властите заплениле 225 тони кокаин во шестнеделна мега-операција, каде што откриле нов пат за шверц на Пацификот од Јужна Америка до Австралија, соопшти во средата колумбиската морнарица.Последната фаза од глобалната поморска операција „Орион“ резултираше со запленување на повеќе од 1.400 тони дрога, вклучувајќи 225 тони кокаин и 128 тони марихуана, изјави за новинарите официјалниот претставник на морнарицата Орландо Енрике...

Продолжи со читање