Skip to main content

Автор: инфодеск

Мирно и достоинствено одбележан роденденот на Гоце Делчев во Скопје

Post Views: 283 Со високи државни почести, мирно и достоинствено, вчера во Скопје беше одбележана 151-та годишнина од раѓањето на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ вчера цвеќе положија државниот врв, претставници на политичките партии од власта и опозицијата, на граѓански организации и на Армијата, делегација од Бугарија, граѓани.Одбележувањето помина под силно полициско обезбедување, а веќе неколку дена улицата која минува крај црквата „Св. Спас“ е затворена за...

Продолжи со читање

Каменуван македонски клуб во Благоевград

Post Views: 331 Каменуван е македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Бугарија. Каменувањето се случило синоќа и предизвикана е материјална штета. Според бугарските медиуми кон клубот биле фрлани повеќе камења при што е искршено надворешното стакло.Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде...

Продолжи со читање

Две успешни спасувачки акции на полицајците

Post Views: 301 Полициските службеници вчера извршиле две успешни акции за спасување на лица заглавени во снежни наноси и лица заглавени во објект кај ски-лифот на Попова Шапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во СВР Битола, К.Р.(22) од Скопје вчера побарал помош затоа што заедно со неговата сопруга на патот од споменикот „Слива“ кон Крушевското езеро, со патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски ознаки заглавиле во снежни наноси.Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево извршиле проверки на теренот...

Продолжи со читање

Фрлени сол и ризла низ улиците во Охрид

Post Views: 409 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ задолжени за чистење и одржување на улиците на подрачјето на Охрид и околината, синоќа беа на терен.Третирани беа улици, села и населби со сол и ризла: Стар Град, Бараки, Велестово, Рамне, Елшани, Лакочереј, Велгошти, ул. Партизанска, ул. Димитар Влахов, ул. Јане Сандански, ул. Питу Гули, ул. 7ми Ноември, ул. Асном, ул. Гоце Делчев, ул. Даме Груев и ул. Марко Нестороски – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Повторно семејно насилство во Охрид

Post Views: 367 На 05.02.2023 во 00:35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека А.А.(37) од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Охриѓанец физички ја нападнал сопругатаПо документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

ГАЛУП : 42 отсто од граѓаните би заминале од земјава

Post Views: 273 42 отсто од македонските граѓани би заминале од земјава доколку им бидат обезбедени сите потребни документи. Најголема подготвеност да заминат покажале помладите и оние со повисок степен на образование – универзитетско, покажуваат резултатите од истражувањето на Gallup International Association.Процентот на граѓани кои би сакале да заминат од земјава е повисок од светскиот кој изнесува 36 отсто. Ако, пак, се погледнат земјите во регионот, голема подготвеност за имиграција над светскиот просек покажуваат испитаниците од Босна и Херцеgовина каде 48 отсто се...

Продолжи со читање

Казнети двајца возачи во Охрид

Post Views: 291 На 03/04.02.2023 година од 22 до 04 часот, извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале двајца возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Избрани најдобрите во спортот за 2023 година

Post Views: 372 Синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2023 година“.По втор пат за една година под покровителство на локалната самоуправа се собираме денес, за да оддаме признание на најуспешните спортисти во Охрид во изминатата година. Како долгогодишен спортист многу ми е добро познато чувството на радост по добиен натпревар или победнички резултат. Тоа е чувство што влева надеж, дава сила и нова желба за уште повисоки цели, за уште поголеми триумфи. Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се...

Продолжи со читање

Охридските бреинобреин генијалци меѓу најдобрите во светот

Post Views: 484 Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 28 јануари 2023 година. Во конкуренција од 20603 илјади учесници од 84 земји, 37 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на овој натпревар освоија 9 трофеи, 13 златни медаљи и 15 сребрени медаљи.И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста,...

Продолжи со читање

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Влада

Post Views: 300 И покрај очекувањата денеска да се донесе одлука за обезбедување на средства за лекот „трикафта“ за 30 пациенти со цистична фиброза, како што најави министерот за здравство Беким Сали, сепак, засега скапиот лек ќе го добијат само осум пациенти што се во потешка состојба. За другите пациенти со оваа дијагноза, надлежните ќе прават напори лекот да биде набавен во текот на оваа година. Ова го изјави министерот Сали по денешниот состанок со министерот за финансии Фатмир Бесими и со претставници од Фондот за здравствено осигурување.Се надевам дека во најскоро...

Продолжи со читање

Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан

Post Views: 297 Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, ЗНМ потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување, така и денеска. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје. До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и...

Продолжи со читање

Турски државјанин приведен на охридскиот аеродром

Post Views: 295 На 02.02.2023 во 16 часот на Граничен премин Аеродром Св. Апостол Павле бил приведен М.К.(28) од Република Турција.Тој при пасошка контрола на увид приложил патна исправа за која постои сомнение дека е фалсификувана. Тој бил задржан во СВР Охрид и за настанот бил известен бил Јавен обвинител – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање