Автор: инфодеск
Views: 66 Општинската организација на СДСМ Охрид информира дека член на новиот Изборен одбор на СДСМ е нивната сопартијка Живка Ангелоска.– Живка Ангелоска своето долгогодишно партиско искуство го темели врз лојалност кон партиските тези и идеали. Повеќе години го претставува гласот на охриѓани и на општинската организација на СДСМ во Советот на Општина Охрид како советник, своевремено како Претседател на Совет и како моментален координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата. Извонреден познавач на општинската работа, на партиските структури, но пред се’...
Доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” ќе се одржи утре
Views: 69 Поради прогласувањето на денешниот ден за ден на жалост, Црвен крст Охрид ги информира наградените од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца дека доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” се одложува за утре 29.11 (петок) во 12:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид.
Православните христијани денес го започнуваат Божиќниот пост
Views: 93 Денес започнуваат Божикните пости во чест на празникот Христово рождество, кои ќе траат до 6-ти јануари.Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7-ми јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28-ми ноември, а завршува на Бадник, 6-ти јануари.Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по Велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела,...
Денес владиката Тимотеј ќе биде погребан на Плаошник
Views: 104 Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан денес на Плаошник. Во 9 часот во црквата „Св. Софија“ започна заупокоената Света Литургија и Опелото, со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.Тимотеј 43 години беше дел од МПЦ, а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија. Тој почина на 25-ти ноември на 73 годишна возраст.Поради смртта на...
Советот на Општина Дебрца одобри еднократна парична помош за лекувањето на Теодора
Views: 69 На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.-Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство, стои во соопштението од Општина Дебрца.
Сончево со мала до умерена облачност и температури до 12 степени
Views: 56 Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота, велат од УХМР.Во Охрид...
КОСТАЛ инвестира 50 милиони евра и отвора најмалку 250 нови работни места во Охрид
Views: 72 И покрај кризата во автомобилската индустрија, започнува третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Охрид.Ќе се инвестираaт од 45 до 50 милиони евра и планирани се најмалку 250 нови работни места до 2028. Со тоа, вкупната инвестиција на КОСТАЛ во Македонија ќе надмине 150 милиони евра со околу 1300 работни места.Веќе се реализирани дел од новите вработувања и е донесена дел од потребната опрема за производство.Проектот е насочен кон вложување во најсофистицирана опрема во сегментот „енергетска електроника” за автомобилска...
28-ми ноември прогласен за Ден на жалост на територија на Општина Охрид
Views: 64 Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница го прогласи 28 ноември за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј.Седницата започна со едноминутно молчење на советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со што му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината, а знамињата ќе бидат на половина копје.Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде...








