Skip to main content

Автор: инфодеск

Поставени 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија

Views: 87 40 унифицирани табли се поставени на дуќаните и угостителските објекти на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на Македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од Плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.-За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот...

Продолжи со читање

Во сабота ќе се одржи настанот „Лиминални простори – лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс

Views: 114 Во сабота во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи „Лиминални простори – лиминални тела“ проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс, кои се уникатен спој од филм и танц каде ќе се истражат концептот на лиминалност – границите меѓу телото и просторот, минатото и сегашноста, хаосот и тишината, трансформацијата и слободата.Овој настан е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”...

Продолжи со читање

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Views: 101 Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови, откако двете страни го прифатија договорот постигнат со посредство на САД и Франција.Либанската армија, која има задача да помогне во обезбедувањето на примирјето, објави дека се подготвува да се распореди на југот на земјата. Армијата исто така апелираше до жителите на пограничните села да го одложат враќањето во своите домови додека израелските сили не се повлеча, но подоцна автомобили и комбиња натоварени со душеци, куфери и мебел се движеле низ јужниот...

Продолжи со читање

Се чисти мермерниот плочник од чаршијата

Views: 71 Дежурните служби на Ј.П.,,Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, денес спроведоа активности за чистење на мермерниот плочник на чаршијата.-Со специјални шпакли се отстрануваат наслагите од плочникот на чаршијата на потегот од плоштадот ,,Крушевска Република” до плоштадот ,,Св. Климент Охридски”, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец”.

Продолжи со читање

Завршена првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче кај селската чешма во Оровник

Views: 61 Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.-Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец, санација на постојните клупи, поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување, се вели во соопштението од Општина Дебрца.Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а...

Продолжи со читање

Четврто и осмоодделенците во посета на Општина Охрид

Views: 84 Четвртоодделенците од охридските основни училишта,  „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“ и „Ванчо Николески“ од с. Лескоец вчера беа во посета на Општина Охрид. Гости беа и осмоодделенците од ООУ „Кочо Рацин“.Младите гости ги пречека градоначалникот  Кирил Пецаков кој ги информира за улогата и функцијата што ја обавува градоначалникот, а им го објасни и начинот на работа и функционирање на локалната самоуправа.Посетата на општината е дел од предвидената наставна програма за основно образование.

Продолжи со читање

Прекин вода

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на 15ти Корпус и c.Лескоец (Рашанец)

Views: 116 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од 15ти Корпус и c.Лескоец (Рашанец).Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, велат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Светиот апостол Филип и Божиќни поклади

Views: 72 Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади.Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост.Свети апостол Филип е роден во Витсаида во близина на Галилејското Море. Тој ревносно го проповедал Евангелието во Азија и во Грција, каде што Евреите сакале да го убијат, но Бог го спасил со моќни чуда. Така еврејскиот архиепископ, кој брзал кон Филип да го претепа, одеднаш ослепува и поцрнува, пренесува...

Продолжи со читање