Skip to main content

Автор: инфодеск

Исчистено дното на езерото пред Трпејца

Views: 90 Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2024 година, на 24 ноември се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред селото Трпејца. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад – стари гуми, пластични  и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности” со асистенција на нуркачкиот клуб„Акватек”.Целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.

Продолжи со читање

Прекин вода

Дефект на водоводната мрежа во населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј

Views: 98 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 450 мм), денес од 09:30 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците во горната зона од населбите Видобишта, Црногорци, С.Велгошти, С.Лескоец и с.Лакочереј.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од претпријатието.

Продолжи со читање

Ни следува сончево време со ведри и студени утра

Views: 48 Утрото ќе биде ведро и студено. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 0 до 11 степени Целзиусови.До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок особено од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.

Продолжи со читање

Прекин вода

Денес од 9 до 14 часот без вода жителите од улиците „Мите Богоески“ и дел од „Димитар Влахов“

Views: 50 Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:00 до 14:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Мите Богоески“ и дел од „Димитар Влахов“, на потегот од Општина Охрид до пресекот со ул.„Македонски Просветители“, информираат од ЈП Водовод.

Продолжи со читање

Костал Македонија планира зголемување на обемот на производство во 2025 год

Views: 85 Кризата која ја зафати европската автомобилска индустрија може да има сериозни последици врз македонскиот автомобилски сектор. Продажбите на Фолксваген, Рено, Концернот Стелантис со Пежо, Фијат, Цитроен и Опел се намалени за над 20% во изминатите неколку месеци, тоа заедно со најавите од гигантот Фолксваген за затворање фабрики во Германија ќе влијае врз работата на компаниите во државава кои соработуваат со тие брендови.–Јас би рекол прво што ќе се случи е да има или намалување на растот на компаниите или пак драстично успорување во процесот на нови вработувања кај...

Продолжи со читање

После колку време се затвараат дупките по санирање на оштетувањата на водоводната мрежа?

Views: 113 Пред две недели жителите на зградата на Булевар Туристичка бр. 50 заприметиле дека има квар на водоводната мрежа при што навремено пријавиле во ЈП Водовод.Откако се утврдило каде е точното оштетување, по повеќе кратно ископување на различни места, вработените го поправиле оштетувањето, но зад себе го оставиле отворено ископаното место.ТВМ ТелевизијА веднаш го контактираше ЈП Водовод, и од директорот Марјан Ристески го добивме следниот одговор:„Дефектот е работен пред точно една недела, оставен е да се следи состојбата неколку денови, два дена заради...

Продолжи со читање

Се интензивираат градежните работи на автопатот Кичево Охрид

Views: 91 Изградбата на автопатот Охрид Кичево продолжува со засилена динамика.  Ќе се работи во змиски услови и на минусни температури, и дење но и ноќе.  Останува најавениот рок,  целата делница да биде пуштена во употреба до крајот на 2026 година. Ова го најави министерот за транспорт Александар Николоски, кој вчера изврши увид на градежните работи.Николоски најави дека идното  лето  ќе започне изградбата на автопат од Кичево до Букојчани,  а во меѓувреме  се гради и делницата Букојчани Гостивар па се...

Продолжи со читање

Полицијата уапси две лица од Трпејца за незаконит риболов

Views: 67 На 25.11.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” лишија од слобода 43 и 42 годишно лице, двајцата од охридското село Трпејца.-Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов”, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, едно од лицата и е познато на службата...

Продолжи со читање