Автор: инфодеск
Post Views: 357 ТВМ Телевизија во соработка со Младински центар Охрид подготви уште еден прашалник, со цел, да се идентификуваат одредени проблеми и области во интерес на младите. Резултатите од првиот прашалник покажаа дека младите делумно или воопшто не се запознаени со телата кои се формираат и можностите кои им се нудат за нивно учество во креирањето проекти, политики и носењето одлуки кои се однесуваат на нивната положба во општеството.Споделете ги вашите ставови и размислувања со нас. Вашите одговори ќе ни помогнат да додадеме уште едно делче во сликата за проблемите...
Реновиран музејот Д-р Никола Незлобински во Струга
Post Views: 556 Реновиран научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во Струга. Променета е комплетно целата дограма и покривот, средена е и фасадата. Во рамките на проектот поддржан од министерството за култура градежни зафати имаше и во енетериерно уредување, поставени се нови подни плочки, таваница и осветлување. Целосната реконструкција чини 3 500 000 денари.Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со природно научната поставка во подобрени услови.Се промени комплет кровната конструкција. Фасадата се освежи се реновира исто така и внатрешниот...
Граѓаните одблиску, катна гаража во Охрид
Post Views: 361 Обезбедување пристапни и квалитетни информации во врска со изградбата на најавената катна гаража е главниот фокус на иницијативата „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“. Целта е анимирање на охридската јавност и на локалните власти во врска со ова експонирана тема, застапена во повеќе предизборни кампањи. Вахид Мемед, претседател на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид коe e имплементатор на проектот, смета дека ќе се подобри увидoт на јавноста во актуелните случувања и динамика на активностите што локалната ги спроведува по...
Реконструкција на игралиштето во Долно Коњско
Post Views: 287 Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Засадени зимзелени садници во ОЕМУЦ
Post Views: 296 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.Денес реализиравме заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ засадувајќи зимзелени декоративни садници и цветен расад од сопствено производство во училишниот двор од оваа образовна установа. Дадовме заеднички придонес во подигнување на еколошката свест за зачувување на здрава животна средина, како и обврска за грижата на околината која не опкружува – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Мултиетнички фестивал Струга 2022
Post Views: 324 На 24-ти ноември 2022г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, со почеток во 12:30 часот, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2022.Оваа година публиката ќе ја забавуваат : Студиото за танц „БАХ“, КУД „Илинден“ Струга, Кристијан Танески – Kikster, Era & Elsa Sadiku, Andra Alushi, Фолклорна група од ПСУ „Јахја Кемал“, Енес Аго со турска песна, Ивона Тасеска, Art Centar, ќе има и неколку забавни точки во изведба на учениците од средното музичко училиште „Тодор...
Нов асфалт на неколку улици во Долно Лакочереј
Post Views: 257 Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во село Долно Лакочереј.Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2 – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.Во склоп на годишните програми на Општина Охрид, претходно беа асфалтирани и неколку улици во селото Горно Лакочереј.
Утрово камион пропадна на плоштад Македонија
Post Views: 273 Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред три месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против приватната фирма чиј камион влегол на плоштадот...
Падна снег на Маврово и Попова Шапка
Post Views: 238 Прогнозата на УХМР за снег на повисоките планини се оствари.Утрово на планините околу Мавровското Езеро падна првиот снег.Според временската прогноза и денеска се очекуваат повремени врнежи од снег на повисоките планини, претежно во западните делови на Македонија.Снег има и на Попова Шапка.
Охридските бреинобреин генијалци на натпревар во Дубаи
Post Views: 219 Шест деца кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, ќе учествуваат на 8-от интернационален Бреинобреин натпревар кој ќе се одржи на 26.11.2022 во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. Предводени од тренерите на БОБ центарот од Охрид и своите родители, децата денес заминуваат за Дубаи.Учеството на охридските Бреинобреин генијалци на овој светски натпревар, заедно со своите врсници од 44 земји од светот, претставува чест за нашиот центар, но и голем предизвик и одлична можност за достојна презентација на...
Невладините обвинуваат за неспроведување на препораките на УНЕСКО
Post Views: 242 Невладините се погласни за неспроведувањето на препораките на УНЕСКО. Од Фронт 21/42 обвинуваат дека интензивната урбанизација на крајбрежието на Охридското Езеро не запира.Според нивните анализи од август 2021 до денес има 53 нови урбанизации во Охрид и Струга. Вкупен број на дозволи за градба во двата градови е 213 и нови 580 изградени станови.Премиерот Ковачевски вели владата го дава максимумот.Јас во рамките на моите надлежности заедно со колегите кои работат го даваме својот максимум но ова е обврска на сите кои што имаат одговорност за...
Две лица ширеле говор на омраза на фејсбук
Post Views: 323 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(57) од Радовиш и Д.Р.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тие, на 24.06.2022 по текст од интернет портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, постирале коментари со кои ширеле говор на омраза кон одредена група граѓани – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.