Автор: инфодеск
Views: 104 Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми со срцето.Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на...
Лажни е-меил пораки испратени од име на Фондот за здравствено осигурување
Views: 84 Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а...
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот во петок
Views: 103 Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во петок 29.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на...
Боксерите од БК „Алексо Огненовски” ги освоија бронзените медаљи на балканското првенство во Лозница
Views: 102 На неодамнешното балканско првенство во Лозница-Србија, боксерите од боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ на пиедесталот на најдобрите како освојувачи на бронзени медаљи.Димитар Ѓорески (јуниори 60 кг), Наум Стојаноски (младинци 71 кг) и Енис Алиу (сениори 71 кг) беа едни од подобрите во своите категории и се вратија со бронза.Наредно, боксерите од „Алексо Огненовски” ќе учествуваат на државното првенство кое ќе се одржи на 14. декември во Битола.
Привремено затворена депонијата Мауцкер
Views: 68 Депонијата Мауцкер привремено затворена заради градежните работи на автопатот Охрид-Кичево кај месноста ,,Св.Еразмо”.Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува граѓаните и правните субјекти дека депонијата Мауцкер e привремено затворена заради градежните работи на автопатот Охрид-Кичево кај месноста ,,Св.Еразмо”,
Товарен авион се урна во Литванија, не се исклучува можноста за тероризам
Views: 71 Рано утринава товарен ДХЛ авион се урна во близина на аеродромот во Вилниус, во областа Липкалнис, јавија литванските медиуми. Според официјалните информации, пилотот бил извлечен од урнатините и предаден на медицинскиот персонал.Според првичните информации, товарниот авион летал од Лајпциг. Претставникот на аеродромот Мариус Зелениус за ЛРТ Радио изјави дека на местото на несреќата работат голем број спасувачки екипи. Тој изјавил дека авионот се урнал околу 5:30 часот по литванско време во Липкалнис.Началникот на литванската полиција на прес конференција изјави дека не...
Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ, доаѓа на местото од Сања Лукаревска
Views: 64 Фани Каранфилова Павловска е избрана за нов заменик претседател на СДСМ.Сања Лукаревска, поранешната заменик претседател на СДСМ си поднесе оставка на функцијата по изборниот пораз во мај. Функција заменик-претседател беше воведена во 2013 година, откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев, а првично ја вршеше Радмила Шекеринска.Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество.– Таа е личност која ја познавам долго време и која цврсто верува во социјалдемократските вредности. Активно учествувала во граѓански организации, особено во...
Запознајте го Дино, новиот крзнен пријател на патниците од Меѓународниот Аеродром Скопје
Views: 78 Дино е златен ретривер кој од вчера, 22. ноември, е гостин на Меѓународниот Аеродром Скопје.Патниците кои чекаат да се качат на својот лет, можат да го погалат и да си поиграат со него.„Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет.“ – велат од ТАВ Македонија.Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството...








