Skip to main content

Автор: инфодеск

Јавен повик за член во Младинскиот совет

Post Views: 277 Општина Охрид објави Јавен повик за член во Локалниот Младински совет на Општина Охрид.I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЗа остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики објавен во Служен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од формирање на Локален младински совет на општина Охрид.Бројот на членови на младинскиот совет на општина Охрид изнесува 7 од кои најмалку 40 % припаѓаат на помалку застапениот пол.Членовите на локалниот...

Продолжи со читање

Од петок утрински температури под нулата

Post Views: 243 Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег.Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.Од петок утринските температури на повеќе места ќе бидат под нула, најавуваат од УХМР.

Продолжи со читање

Снимка од нападот на бугарскиот клуб во Охрид

Post Views: 379 Бугарската телевизија БТВ денеска објави снимки од безбедносните камери во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ на кои се гледа нападот на клубот.Според видеото што го објави телевизијата, тројца мажи со маски на лицата фрлаат со предмети, најверојатно камења, кон клубот, при што се кршат прозорците на објектот.Вчера бугарските медиуми објавија, а СВР Охрид потврди дека прозорците од просториите на клубот „Цар Борис Трети“ се оштетени. Инцидентот се случил ноќта помеѓу 20 и 21 ноември меѓу 1 и 2 часот по полноќ, кога прозорците...

Продолжи со читање

Свикана дваесеттата седница

Post Views: 264 Свикана дваесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 28.11.2022 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕД1. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година.2. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022...

Продолжи со читање

Преподобна Матрона Цариградска Света Петка

Post Views: 839 Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители , Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона.Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со...

Продолжи со читање

Филмот Кајмак повторно пред охриѓани

Post Views: 350 На барање на публиката најновиот филм „Кајмак” на режисер Милчо Манчевски, повторно на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид. Филмот ќе се прикажува во петок на 25-ти ноември со почеток во 20 часот. Картите се по цена од 150 денари.„Кајмак” е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“...

Продолжи со читање

Вевчани во 100 зелени приказни во светот

Post Views: 360 Општина Вевчани стана дел од престижната листа на најдобрите топ 100 зелени дестинации за 2022 година. Секоја година, натпреварот Top 100 Green Destinations избира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери.Избраните дестинации добиваат признание за решенијата што ги имплементирале како одговор на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.Се надевам на крајот ќе бидеме на светска мапа на зелени дестинации, каде што оние туристи кои се заинтересирани за таков вид на...

Продолжи со читање

Книгата поблиску до старите лица

Post Views: 214 Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беа членови на координативното и оперативното тело на програмата Грижа за стари лица „Најди време“ од Црвен крст – Охрид.Во пријатен и срдечен амбиент вработените во Библиотеката и претставниците на Црвениот крст ги договорија конкретните активности за веќе отпочнатиот заеднички пилот – проект со наслов „Книгата поблиску до старите лица“.Според зборовите на директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски и Горка Донеска координaторката...

Продолжи со читање

Превенција од виктимизација кај млади во Охрид

Post Views: 382 Туркање под тепих, шепотење место јавно зборување за проблемите но и слабата понуда на институционални програми за справување со различни облици на врсничко насилство кај младите лица на територија на Општина Охрид, биле поттик за спроведување на проектот Апликативни методи за превенција од виктимизација кај млади од Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА Охрид, во соработка со Институтот за традиционални вредности – Здружение за култура и соживот со природата од Охрид, вели Крсте Пурцов заменик коориданатор на проектот. ...

Продолжи со читање

Тигрите денеска ќе имаат боево гаѓање во Охрид

Post Views: 384 Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар” во Охрид ќе имаат боево гаѓање.Единицата, утре кај комплексот „Инекс” ќе реализираат тактичко – показна вежба, а во четврток и петок единицата „Тигар”, кај каналот „Студенчишта” ќе ги спроведат завршните плански активности.Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции...

Продолжи со читање

Приведен охриѓанец

Post Views: 398 На 20.11.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е Б.К.(40) од Охрид.При контрола, претходно извршена на улицата „Пере Тошев” во Охрид, тој се обидел да избега од полициските службеници, но бил фатен. При извршен преглед кај него пронајдени и одземени се кафеава прашкаста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Искршено стакло во клубот Цар Борис III

Post Views: 273 На 21.11.2022 година во 02:05 часот, во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III”, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид.Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање