Автор: инфодеск
Views: 76 Емисари од 175 земји се собраа во Бусан, Јужна Кореја, на петтата рунда преговори за постигнување меѓународен договор чија цел е да се намали загадувањето со пластика на планетата, но постојаните поделби фрлаат сомнеж дека договор е на повидок.Јужна Кореја е домаќин на петтиот и наводно последен состанок на Меѓувладиниот преговарачки комитет на ОН (INC-5) оваа недела, откако претходната рунда разговори во Отава во април заврши без јасен пат кон ограничување на производството на пластика.Разговорите во Бусан ќе се фокусираат на хемикалиите кои предизвикуваат загриженост и...
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст
Views: 53 Сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни, велат од УХМР.Во Охрид температурите ќе се движат од -2 до 11 степени Целлзиусови.
Управните служби на ОВР Струга во старата општинска зграда
Views: 128 СВР Охрид ги известува граѓаните дека, управните служби при ОВР Струга, се префрлени во просториите на старата зграда на општина Струга, на улицата „Маршал Тито“ во Струга и од утре (25.11.2024), отпочнуваат со редовна работа. Работното време на управните служби при ОВР Струга, останува исто-од 08 до 16 часот.
Денес ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ за Теодора
Views: 80 Денес ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ.„Присуството на овој меч ќе значи многу за нашата сограѓанка Теодора, бидејќи ќе биде поставена кутија за донации со цел нејзино успешно лекување. Поддржете го тимот и направете добро дело.“ – порачуваат од ФК Св. Троица.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури
Views: 50 Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до средината на оваа седмица насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, велат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -5 до 7 степени Целзиусови.
Превентивни активности на СВР Охрид во средните и основните училишта
Views: 111 Во периодот од 18 до 22 ноември 2024 година, Отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни работилници во неколку основни училишта на подрачјето на Охрид и одржа работна средба со Локалниот совет за превенција од детско престапништво. Тема на едукативните предавања одржани пред околу стотина ученици од седмо и осмо одделение беше ,,булингот и сајбер булингот”, како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите. Притоа, полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците, ги објаснуваа формите на овие асоцијални и девијантни појави...
Црвен крст ја одбележа Неделата на грижа за стари лица
Views: 68 Секоја година во периодот од 18 до 24 ноември традиционално се одбележува Неделата на грижа за стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“.Црвен крст Охрид се приклучи кон одбележувањето на оваа недела со повеќе активности, при што на редовниот состанок на Клубот на млади одржан средата, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа работилница за плетење во соработка со волонтерите од програмата за грижа за стари лица „Најди време“. На работилницата, волонтерите од програмата „Најди време” ги споделија со младите своите знаења и техники за плетење.„На постарите...
ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ за Теодора
Views: 109 Оваа недела ФК Св. Троица ќе го одигра последниот натпревар од првата полусезона на 3.МФЛ.„Присуството на овој меч ќе значи многу за нашата сограѓанка Теодора, бидејќи ќе биде поставена кутија за донации со цел нејзино успешно лекување. Поддржете го тимот и направете добро дело.“ – порачуваат од ФК Св. Троица.Натпреварот ќе се одигра во недела, 24 ноември во 13 часот на вештачката трева во СРЦ Билјанини Извори.







