Автор: инфодеск
Post Views: 398 На 20.11.2022 година во СВР Охрид, лишен од слобода е Б.К.(40) од Охрид.При контрола, претходно извршена на улицата „Пере Тошев” во Охрид, тој се обидел да избега од полициските службеници, но бил фатен. При извршен преглед кај него пронајдени и одземени се кафеава прашкаста материја и предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Искршено стакло во клубот Цар Борис III
Post Views: 273 На 21.11.2022 година во 02:05 часот, во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III”, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид.Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Ехо патува во Охрид
Post Views: 234 Тродневен настан посветен на вљубеноста на Охриѓани во планините и природата, „Ехо патува – во Охрид, Охридски планински јубилеи“.На 29-ти ноември настанот започнува во 19 часот, во седиштето на Планинската спасителна служба во Охрид.Охриѓани во текот на првиот ден од овој настан, ќе можат да се дружат со заедницата од својот град, која е силно вљубена во планините и која слави троен јубилеј: 60 години планинарство, 40 години алпинизам и 20 години Планинска Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид – информираат организаторите.Во следните...
Крводарителска акција во ОЕМУЦ
Post Views: 256 Во среда од 9 до 12 часот во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе се реализира средношколска крводарителска акција.Оваа среда ги покануваме сите хумани средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” кои можат да даруваат да им помогнат со својата крв на оние на кои тоа им е најпотребно. Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид – велат од Црвен Крст Охрид.
Денеска се празнува Св. Архангел Михаил
Post Views: 225 Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките...
Кабаст отпад расфрлан кај Горна Порта
Post Views: 334 Ваква е сликата кај Горна Порта утрово. Од истото место екипите на ЈП Охридски Комуналец подигнаа кабаст отпад и во четвртокот и во саботата, а овие слики се направени само по два дена.Апелираме до граѓаните да бидат совесни и да не депонираат кабаст отпад кај ќе стигнат – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Денеска е Светски ден на телевизијата
Post Views: 389 Одбележувањето на денешниот ден е признавање на улогата на телевизијата во едуцирањето, обезбедувањето информации, промовирањето на слободата на изразување, толеранцијата, отвореноста за изразување на различните култури.Прогласен со резолуција на Обединетите нации1996 година, целта на Светскиот ден на телевизијата е да се зголеми свеста за влијанието што телевизијата го има во градењето ставови кај публиката и улогата во свртувањето на вниманието кон економските, општествените, здравствените и други прашања.Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...
Најмалку 14 загинати во земјотрес во Индонезија
Post Views: 411 Најмалку 14 лица загинаа, a 17 се повредени во земјотресот што утрово ја погоди Џакарта, Индонезија.Десетици згради се оштетени, а жителите на Џакарта во паника по силниот потрес.Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.Некои луѓе...
Јогуртот Баланс плус се повлекува од пазарот
Post Views: 307 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за...
Продолжуваат активностите за развој на македонистиката во Турција
Post Views: 347 Продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција. На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX век на Институтот за македонска литература. Предавањето на Ковилоски беше на тема „Ликовите на Итар Пејо и Насредин Оџа...
Вистинска снежна бајка во Хрватска
Post Views: 404 Делови од Хрватска од денеска се прекриени со бела прекривка откако во текот на ноќта падна поголема количина снег. Првиот поголем снег во Хрватска ги израдува тамошните жители, но предизвика голем хаос во сообраќајот.Поради зимските услови и силните ветрови на патните правци низ Лика и Горски котар, се исклучени од сообраќај камионите со приколки на правците Вукова Горица (А1) во правец Ријека/Дубровник и постојката Киковица (А6) во правец кон Загреб.Во текот на ноќта и утрото снег падна и сè уште паѓа во Горски Котар и Лика, а побеле Платак, како и...
Кокаин пронајден кај жител на Албанија
Post Views: 367 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(38) од Прењас, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При преглед извршен на 12.04.2022 година во Струга, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.