Skip to main content

Автор: инфодеск

Стружанец фатен со нелегално уловена јагула

Post Views: 544 На 18.11.20220 година во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е О.Д.(24) од Струга.При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Најмногу дожд во Охрид

Post Views: 294 УХМР соопшти дека утрово до 08:30 часот најстудено било во Скопје – Петровец и Крива Паланка, седум степени, додека максимални 14 степени се измерени во Битола и Демир Капија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, вкупно седум литри на метар квадратен.Утрово се измерени и осум степени во Берово и Лазарополе, 9 во Куманово, 10 во Тетово и Маврови Анови, 11 во Штип, Струмица, Гевгелија и Претор, 12 во Охрид и Виница, како и 13 во Прилеп и Дојран.Во Куманово водниот талог е 6 литри на метар квадратен, 4 во Крива Паланка, Претор и...

Продолжи со читање

Ковачевски во посета на Охрид и Струга

Post Views: 274 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе биде во работна посета на охридско-струшкиот регион.Во рамки на посетата, како што информираше владината прес-служба, предвидено е да ги посети фабриките „Подгорка” во Струга и „Органска буковка ДОО“ во Охрид.

Продолжи со читање

Акција за зелен отпад на ул. Радојца Новичиќ

Post Views: 334 ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 19.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот; Зелениот отпад...

Продолжи со читање

ОЕМУЦ први на „GreenTech Entrepreneurship Challenge“

Post Views: 473 На 17.11.2022 година во Скопје се одржа главниот настан од проектот GreenTech Entrepreneurship Challenge на кој тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, составен од учениците: Климент Маријаноски, Дарко Крлески, Александар Спасеновски, Кристијан Ѓорески и Андреј Ванѓеловски, под менторство на професорката Ирена Ралева Најдевска со проектот „TrashPinger“ го освои првото место, а учениците беа прогласени за Еко-претприемачи за 2022 година.GreenTech Entrepreneurship Challenge претставува проект, кој ги вклучува учениците од средните технички стручни училишта во...

Продолжи со читање

ОЕМУЦ доби нови компјутери и смарт табли

Post Views: 462 Градоначалникот на Охрид денес во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Училиштето со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена опрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристапот до информации.По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и...

Продолжи со читање

Печалбари се жалат на високи сметки за струја

Post Views: 374 Над 170 поплаки од печалбарите до Народниот правобранител за високите сметки за електрична енергија. Иселениците од Југозападниот и Северозападниот регион во земјава, кои не живеат во домовите добиле превисоки сметки за струја. Од шест до десет илјади денари месечно за потполно празни куќи, каде не свети ниту сијалица, велат е неприфатливо.Народниот правобранител поднел укажување до регулаторната комисија за енергетика за бројните поплаки, но и барање за корекција до ЕВН.На ниво на држава имаме 174 преставки, а во западниот дел на земјава каде претежно...

Продолжи со читање

Пецаков на средба со младиот каратист Јаковлев

Post Views: 257 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ.Пецаков упати честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во...

Продолжи со читање

Кривична пријава против охриѓанец

Post Views: 272 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Д.(39) од Охрид.При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, полициските службеници прнајдоа и одзедоа амфетамин, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Физички ја нападнал својата мајка

Post Views: 262 На 17.11.2022 година во 16:25 часот во СВР Охрид пријавено е дека Ф.Р. во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата мајка.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Од патарини наплатени 12 милиони евра

Post Views: 271 Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во...

Продолжи со читање

Изложба Ченто-биографија низ фотографија

Post Views: 285 Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид денеска ќе биде отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија” на Рубинчо Белчески.Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто.Преку фотографии е прикажан животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.Авторот Белчески е историчар – кустос советник во НУ...

Продолжи со читање