Skip to main content

Автор: инфодеск

148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков

Post Views: 314 На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“.Умрел во Софија, Бугарија, на 26 јули 1926 година.

Продолжи со читање

Нов дрворед на бул. Македонски Просветители

Post Views: 296 Како дел од проектот за реконструкција на бул „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед. Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, Општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на бул „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано...

Продолжи со читање

Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево-Охрид

Post Views: 318 Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри.Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година....

Продолжи со читање

Балкански економски форум во Скопје

Post Views: 278 Под покровителство на Владата на Република Северна Македонија и со поддршка на Стопанската Комора, Делегацијата на германското стопанство, Сојузот на стопански комори, Western Balkan 6  и Австриската амбасада во земјава, денеска во Скопје се одржува Балкан Економик Форум.На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците преку видео пораки ќе им посакаат и потпретседателката на Европската Комисија, Дубравка Шуица и Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.Во фокусот на овогодинешното издание...

Продолжи со читање

Санација на ударни дупки во Вевчани

Post Views: 385 Во текот на вчерашниот ден беше извршена санација на ударни дупки долж улицата „Центар – Вевчански извори”.Со санацијата се опфати површина од околу 160 квадратни метри – информира градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

Нелојална конкуренција на охридските водичи

Post Views: 398 Додека во некои поголеми туристички места има недоволно, а во некои како Дојран нема ниту еден, Охрид се соочува со хиперпродукција на туристички водичи. Љупчо Јузмески, професионален туристички водич со над 3 децениско искуство смета дека проблемот произлегува од нелојалната конкуренција од луѓе, на кои, водење групи им е дополнителен извор на средства.„Не недостигаат, туку напротив имаме хиперпродукција на туристички водичи, од причини што секој во слободно време би сакал да биде туристички водич и мисли дека е лесно да се биде туристички водич. Тоа е една...

Продолжи со читање

Слаб интерес за згрижувачки семејства во струшко

Post Views: 318 Во струшко има само едно згрижувачко семејство, каде се сместени три деца. За жал и покрај социјалните реформи, се уште има многу деца кои чекаат ваков вид на заштита, имаат потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства, но нема доволно заинтересирани граѓани.Овој тип на згрижување овозможува топол дом, љубов и грижа, како и можност за правилен раст и развој на децата.Во моментов, во Струга имаме едно згрижувачко семејство со три корисници. Како институција и министерството за труд и социјална политика сме посветени на подигање на свеста на нашите...

Продолжи со читање

Обновен дрворедот на булевар Туристичка

Post Views: 305 Екипите на „Паркови и зеленило“ го обновија дрворедот на бул. „Туристичка“ со засадување на 19 јавори од видот Acer platanoides на местата каде несовесни граѓани ги деградирале и уништиле претходно засадените дрвја.Опфатен е потегот на бул „Туристичка“ од кружната сообраќајница кај гимназијата до СРЦ „Билјанини Извори“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Ѓоковиќ доби виза за настап на Австралија опен

Post Views: 366 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ добил виза да се натпреварува на Австралија Опен во јануари 2023 година, потврди австралиската влада.Ѓоковиќ на 16 јануари годинава беше депортиран од Австралија каде требаше да настапи на овој турнир, бидејќи не беше вакциниран против корона вирусот, поради што австралиските власти му ја укинаа визата. Министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилес изјави дека го одобрил барањето на Ѓоковиќ за виза, бидејќи веќе нема основа за забрана.На г-дин Ѓоковиќ му беше одобрена привремена виза за влез во Австралија –...

Продолжи со читање

Филмот Кајмак вечерва пред охридската публика

Post Views: 249 Вечерва со почеток во 20 часот во големата сала на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев“-Охрид, своја премиера пред охридската публика ќе има најновиот филм „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода – информираат од Центарот за култура.Во филмот играат глумците : Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар...

Продолжи со читање

Ќе се изнајмува Планинската куќа во Брежани

Post Views: 249 Општина Дебрца објавува Јавен повик за пројавување на интерес за изнајмување и менаџирање со „Планинска Куќа Брежани”.Сите заинтересирани правни и физички лица (агенции, тур оператори, туристички водичи и др.) можат да се обратат во општина Дебрца, за подетални информации во врска со јавниот повик заклучно 17.12.2022 година.Лице за контакт:Ангел СекулоскиE: asekuloski@gmail.comM: +389(0)78236060W: +389(0)46286855Планинската куќа е лоцирана во планинското село Брежани, сместено во пазувите на Илинска планина, во општина Дебрца, на...

Продолжи со читање

Српските пратеници положија заклетва во косовското собрание

Post Views: 395 Десет пратеници од српската заедница дадоа заклетва во Собранието на Косово, од кои девет од Српската листа, водечката политичка партија на Србите на Косово со поддршка на Белград. Но, тие веднаш потоа ја напуштија седницата и најавија дека не се враќаат во косовските институции.Собранието на Косово има 120 пратеници, од кои десет мандати се резервирани за српската заедница, а новите пратеници ќе ги заменат пратениците од Српската листа кои победија на изборите во февруари 2021 година.Српската листа на 17 ноември објави дека девет пратеници на Српската...

Продолжи со читање