Skip to main content

Автор: инфодеск

Русија влезе во рецесија

Post Views: 352 Девет месеци од почетокот на инвазијата на Украина, Русија падна во рецесија.Рецесијата вообичаено се дефинира како два последователни квартали на економска контракција, а Русија последен пат доживеа техничка рецесија кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година за време на пандемијата со коронавирус-домашниот производ (БДП) во земјата се намалил за четири отсто во третиот квартал, според прелиминарната проценка на руската национална статистичка агенција Росстат.Падот на БДП следи по сличното намалување од четири отсто во вториот квартал бидејќи...

Продолжи со читање

Подигнат кабаст отпад околу Градската болница

Post Views: 254 Акција за подигнување кабаст отпад во близина на градската болница.Во координација со општинскиот инспекторат беше реализирана акција за подигнување кабаст отпад кој несовесни граѓани го расфрлале во непосредна близина на ЈЗУ „Општа болница“-Охрид, по целата должина на ул. „Марко Цепенков“, потегот помеѓу двете кружни сообраќајници.Подигнати се 15 м3 кабаст отпад.

Продолжи со читање

Глобална недела на претприемништвото

Post Views: 277 Оваа недела, од 14-ти до 20-ти ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот, како и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите на Глобалната недела се претставници на приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор.За Координаторката на Глобалната недела на претприемништвото, г-ѓа...

Продолжи со читање

Тигрите ќе одржат показна вежба во Охрид

Post Views: 229 Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар” при Министерството за внатрешни работи, денеска и утре од 11 часот, на потегот од каналот „Студенчишта” кон пешачката патека во Охрид, ќе спроведат тактичко – показна вежба.Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и...

Продолжи со читање

Реализирана работилницата Екосистемски услуги

Post Views: 246 Работилницата „Екосистемски услуги” денеска беше успешно реализирана во Инфо – центарот на НП Галичица во Охрид.На наше огромно задоволство денеска се дружевме заедно со учениците од ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид и учениците од ООУ „Кочо Рацин” – Охрид. Трите часа продуктивна работилница ни поминаа премногу брзо и со голема желба да научиме многу повеќе за екосистемските услуги – информираат од НП „Галичица“Учениците беа информирани за следните теми:Што е екосистемШто се екосистемски...

Продолжи со читање

Тимот на ОЕМУЦ освои прво место во ракомет

Post Views: 419 На Општинскиот натпревар во ракомет кој се одржа на 14.11.2022 година тимот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид под водство на професорите по спорт и спортски активности Ѓорѓи Скепароски и Валентино Костадиноски, го освои првото место.Првото место е освоено во конкуренција на тимовите од останатите средните училишта од Општина Охрид.Им честитаме за успехот на учениците и нивните тренери и им посакуваме успеси и во понатамошните натпревари – велат од ОЕМУЦ.

Продолжи со читање

Од полноќ поевтинуваат горивата

Post Views: 296 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,77 % во однос на одлуката од 14.11.2022 година.Малопродажната цена на „еуродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л. Бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денари/л.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува 3,00 денари/л, додека мазутот М-1 НС се намалува 1,567 денар/кг и сега ќе изнесува 47,622 денари/кг.Од 17.11.2022...

Продолжи со читање

Проекција на Кајмак во Охрид и Струга

Post Views: 374 Среќна трагедија или црна комедија. Кајмак е филм за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Ова е кратко сиже за најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски.„Кајмак“ во октомври имаше светска премиера на 35-от Интернационален филмски фестивал во Токио, а потоа отпатува во Тајван на Филмскиот фестивaл „Златен коњ“ во Тајпеј.Филмот денес ќе ја има македонската премиера во Филхармонија во Скопје, а веќе утре ќе се прикажува во киносалите ширум државава, меѓу кои и во Охрид и Струга.„Во филмот учествува и нашата сограѓанка Сара...

Продолжи со читање

Невладините го кренаа гласот против непочитувањето на препораките на УНЕСКО

Post Views: 325 Неколку невладини организации од Охрид со серија посети на терен преку практични примери ќе посочуваат каде не се почитуваат препораките на Унеско. Според активистите најголемиот проблем е претераната урбанизација, преку која заради лични и биснис интереси со години се деградира градот.Обвинуваат дека локалната и централната власт ништо не преземаат за заштита на културното и природното наследство. Се градат висококатници, кои ја надминуваат дозволената градежна површина од земјиштето.Секторот за урбанизам тука ги злоупотребува своите позиции...

Продолжи со читање

Две лица поттикнувале омраза на веб портал

Post Views: 313 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(48) од Скопје и А.А.(69) од Штип.Тие, по објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Владата со кампања за штедење на струја

Post Views: 265 Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степени, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка – рече портпаролот на...

Продолжи со читање

10 продолжени викенди во 2023

Post Views: 524 Јануари (2 продолжени викенди)Во јануари имаме продолжен викенд за Нова Година. 1 јануари е недела но неработен ќе биде понеделникот, односно 2 јануари.За Божиќ баш немаме среќа бидејќи празникот се паѓа во сабота. Но, Бадник е во петок па ќе имаме еден подолг викенд.Во јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток.Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој...

Продолжи со читање