Skip to main content

Автор: инфодеск

„Кралот на земјата“ Надал го одигра последниот меч во кариерата

Views: 84 Поминаа 22 години, шест месеци и 21 ден oд првиот АТП меч на Рафаел Надал кој го одигра на 29. април 2002 година.Богатата тениска кариера на Рафаел Надал заврши синоќа откако Шпанија изгуби од Холандија во Дејвид купот во Малага.„Во овие 20 години професионална кариера вие бевте тие кои ме носевте низ добрите времиња, а во лошите времиња ме туркавте да продолжам. Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Не сум уморен од играњето тенис, но моето тело веќе не сака да играм и мора да го прифатам тоа. Се чувствувам суперпривилегирано што успеав моето...

Продолжи со читање

Златен и бронзен медал за охридски гимназијалки на 57-те Детски Рацинови средби

Views: 56 Охридските гимназијалки Сара Петкоска и Симона Димитриеска, под менторство на Проф. м-р Перчо Божиновски се вратија со највисоки награди од 57-те Детски Рацинови средби.Сара Петкоска (IV-3) на натпреварот во ораторство ,,Мене и душата ми е црвена” освои прва награда и златен медал, Симона Димитриеска (II-7) на меѓународниот поетски конкурс ,,Мене и душата ми е црвена” освои трета награда и бронзен медал.–За Рацин кој го наследивме достојно му се оддолживме на 57. Детски Рацинови Средби творејќи за бесмртниот црвен поет, чекорејќи по црвените нијанси на...

Продолжи со читање

Свр охрид

Лишени од слобода две лица од Струга поради опожарување возило, одреден им е притвор

Views: 78 На 18.11.2024 постапувајќи по претходно добиена пријава на 08.11.2024 од 36 годишно лице од Охрид дека пред неговата куќа во Охрид било опожарено возило “бмв”, кое тој претходно го управувал и паркирал пред куќата, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода едно лице на 24-годишна возраст од Струга и 18-годишен жител на струшкото село Радолишта.– Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор 24 годишникот од Струга во целост го признал извршеното кривично дело. На 19.11.2024 до ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против двете...

Продолжи со читање

Младинска конференција за бизнис и претприемништво во Младински Центар Охрид

Views: 64 Младински Центар Охрид организира Младинска конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.Конференцијата ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.-Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи. Конференцијата има за цел да ги инспирира...

Продолжи со читање

Учителка

СВР Охрид: Пријавено агресивно и непристојно однесување кон наставник во основно училиште

Views: 76 На 18.11.2024 во 08.57 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во едно основно училиште во Охрид, З.П. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон еден наставник од училиштето. По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Шон Дафи – водителот на „Фокс њуз“ е норминиран за министер за транспорт

Views: 108 Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше поранешниот конгресмен и водител на „Фокс Бизнис“, Шон Дафи да го води Министерството за транспорт.Доколку биде потврдено, тој ќе ја преземе одговорноста за авијација, автомобилска, железница, транзит и други транспортни политики во транспортниот оддел, со годишен буџет од околу 110 милијарди долари (86 милијарди фунти).Трамп рече дека Дафи ќе го искористи своето искуство во Конгресот „за да ја одржи и обнови инфраструктурата на нашата нација и да ја исполни нашата мисија за воведување на Златното доба на патувањето,...

Продолжи со читање

Патарина

Николоски: Планираме да направиме отворен систем на патарини

Views: 69 Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт  Александар Николоски во гостување на ТВ Телма. “Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека...

Продолжи со читање

Приведен албански државјанин на граничен премин, пронајдени монети со археолошка вредност

Views: 66 На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија.-При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло, информираат од МВР. Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба...

Продолжи со читање