Автор: инфодеск
Post Views: 313 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(48) од Скопје и А.А.(69) од Штип.Тие, по објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Владата со кампања за штедење на струја
Post Views: 265 Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степени, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка – рече портпаролот на...
10 продолжени викенди во 2023
Post Views: 524 Јануари (2 продолжени викенди)Во јануари имаме продолжен викенд за Нова Година. 1 јануари е недела но неработен ќе биде понеделникот, односно 2 јануари.За Божиќ баш немаме среќа бидејќи празникот се паѓа во сабота. Но, Бадник е во петок па ќе имаме еден подолг викенд.Во јануари има уште еден празник, а тоа е Богојавление (Водици) кој се празнува на 19 јануари во четврток.Април (подолг Велигденски одмор и продолжен викенд за Бајрам)Во април оваа година ни е Велигден. Празникот се паѓа на 16 април. Како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој...
Се асфалтираат улици во Горно Лакочереј
Post Views: 327 Во селото Горно Лакочереј денес се одвиваат активности за асфалтирање на повеќе локации. Се асфалтира во центарот на целото, околу училиштето и помали улички.Асфалтираната површина е околу 1000 м2. Вкупната должина изнесува 250 метри, а ширината околу 4 метри. Активностите се одвиваат во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.
Обука за асистенти на лица со попреченост
Post Views: 384 Црвен крст Охрид во рамки на програмата „Лична асистенција на лица со попреченост“ успешно ја спроведе првата обука за лични асистенти на лица со попреченост.Оваа обука која беше поддржана од Општина Охрид се спроведуваше во изминатите два месеци и истата ја завршија 17 кандидати. Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со основни познавања за видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена, помош на работно место, образовен процес и помош во заедницата на лица со попреченост, како и помош на корисникот во домот и начинот на...
Скопјанец градел на заштитено подрачје во Љубаништа
Post Views: 266 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Тој, на катастарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица” изградил три објекти цврста градба и еден базен. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Бесправно пресечени букови стебла на Галичица
Post Views: 209 На 15.11.2022 година од 8 до 15:30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар” на планината Галичица.Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.
Свети великомаченик Георгиј Ѓурѓиц
Post Views: 275 Уште еден празник на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот цилклус празници и е поврзан со домашни служби. Востановен е во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.Празникот Св. Георгиј – Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј – Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот односно на 23 април според стариот календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на...
Претставници на Општина Вевчани на конференција за одржлив туризам
Post Views: 274 Изборот на општина Вевчани за една од најдобрите Топ 100 Приказни за Зелени Дестинации за 2022 година ја отвара можноста за соработка со други општини и туристички организации од регионот.Преставници од локалната самоуправа и бизнис секторот кои се заинтересирани да бидат дел од програмата за сертифицирање на зелени бизниси учествуваат на регионална конференција за одржлив туризам и зелени дестинации во организација на Туристичка организација Тиват, Црна Гора. Одржливото управување и развојот на општина Вевчани како зелена дестинација е една од главните...
Ќе се подигнува зелен отпад во Долно Коњско
Post Views: 286 ЈП „Охридски Kомуналец” информира дека во петок, 18-ти ноември 2022г., ќе организира вонредна акција за подигнување зелен отпад во нас. Долно Коњско.Жителите ќе имаат можност зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07:00 часот во петок (18.11.2022г), со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 075/495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21:00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Христијана Парулеска освои злато на Бугарија Опен
Post Views: 332 Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец учествуваше на најсилниот А класа меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар „Бугарија Опен 2022” кој се одржа во Пловдив. На овој престижен натпревар учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа. „ХВА РАНГ ИТФ“ учествуваше со 8 натпреварувачи.Традиционално на овој престижен натпревар, сите кои се во можност ги носат своите најдобри поединци, за да ги тестираат и да ги припремат за наредното Европско Првенство кое ќе се одржи во Римини, Италија.Слободно можеме да кажеме дека бевме...
Идентична слика во Охридските претпријатија
Post Views: 223 Зголемената цена на електричната енергија, цената на горивото и усогласување на платите на вработените со законската минималната плата се трите најголеми причини што претставуваат проблем за работaтa на Јавните Претпријатија во Охрид. Ова го покажуваат извештаите предложени за усвојување на денешната седица. Координаторката на советничката група на СДСМ Живка Ангелоска свесна за тешката состојба на претријатијата, даде критики со цел подобрување на состојбата.„Ќе зборувам врз основа на финансиски показатели, во насока не толку да критикувам колку во насока...