Автор: инфодеск
Post Views: 295 Светската асоцијација за пливање на отворени води (Wowsa) официјално ги верификува сите 10 препливувања што Марко Пејчиновски, летово, ги направи во водите на Охридското езеро. Марко, во своите 10 херојски подвизи, на различни растојанија, исплива вкупна должина од 250 километри. Последната, најдолга и најтешка делница беше Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри, која Марко ја преплива безмалку за едно деноноќие.Планот беше да се препливаат 250 километри во 10 пливања во текот на ова лето, при што последното пливање да биде...
Расфрлано ѓубре околу банкомат на Стопанска банка
Post Views: 668 До рубриката „Ти си твојот град“ денеска пристигнаа фотографии на кои се гледа вистински неред со расфрлано ѓубре околу банкоматот на Стопанска банка на бул. „Туристичка“ кај скалестата зграда. Ова е коментарот од наши сограѓани кои ни ги испратија сликите.Вака изгледа банкоматот на Стопанска банка откако се затвори експозитурата во скалестата зграда на бул. „Туристичка“. Повторно нашата (не)култура излегува на виделина. Ѓубре расфрлано околу банкоматот, корпата за отпадоци преполна, а контејнерите се само на неколку метри. Кој треба да исчисти? –...
Пецаков оствари средба со Н.Е. Ангела Агелер
Post Views: 216 Протоколарна средба остварија градоначалникот Кирил Пецаков и новата американска амбасадoрка во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер. На средбата се зборуваше за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговараа и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот.Американската амбасадорка истакна дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот. Соговорниците разговараа и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше...
Конкурс за доделување повелба Патрон на градот
Post Views: 220 По повод 8-ми декември „Св. Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св. Климент Охридски” за 2022 година.Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски...
Конкурс за општинска награда Патрон на градот
Post Views: 210 По повод 8-ми декември „Св. Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда, Патрон на градот „Св. Климент Охридски” за 2022 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија...
Оружје и муниција пронајдени во Драслајца
Post Views: 339 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(43) од струшкото село Драслајца.При претрес извршен во неговиот дом по добиена судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Валтер” калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка, калибар 16 милиметри што нелегално ги поседувал – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Двајца стружани извршиле тешки кражби
Post Views: 307 ОВР Струга поднесе кривична пријава против З.М.(17) и Н.А.(22), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба” и една „кражба”.Тие, во периодот од 01 до 11 ноември 2022, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегувале во деловни објекти на подрачјето на Струга и противправно одзеле повеќе предмети. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 180.000 денари – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
До крајот на годинава ќе бидат вратени украдените икони запленети во Тирана
Post Views: 401 После девет години конечно украдените икони од струшко, пронајдени во Албанија се враќаат во земјава.20-тина вредни икони однесени од црквите во селата Радожда, Буринец и Селце, албанската полиција во 2013-та година ги заплени во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство, кое земјава со години се обидува да го врати дома. Иконите се чуваат во два музеи во Тирана, но до крајот на годинава се очекува да бидат вратени таму каде што припаѓаат.Процесот веќе финишира, тој е во една финална фаза. Иконите кои што ние 2013 година, скоро...
Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести
Post Views: 261 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести.Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија.Агенцијата како и во повеќе наврати досега апелира да им се овозможи на медиумските работници безбедно и професионално да ги извршуваат своите...
Зголемен бројот на кражби во струшко
Post Views: 328 Зголемен бројот на кражби во струшко. Мета на крадците се куќи, станови, деловни објекти. Ограбени беа и канцелариите на општинската зграда во Струга. Не се поштедени и верските објекти, регистрирани се три кражби во џамии и една во црква.Најчесто крадците одземаат пари, накит, компјутери, лаптопи и други вредни предмети. Од СВР Охрид велат зголемена е и ефикасноста во расветлување на овие кривични дела.Зголемена е и откривачката функција на полицијата, така да во изминатиот период за сторените казнени дела кражби и тешки кражби на подрачјето на...
Почитувајќи ги разликите до помирување и мир
Post Views: 231 Меѓународна конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ како клучен настан на проектот „Резилиентен мир, глас за младите“ е во организација на Младински сојуз Крушево. Само со почитување на различните размислувања и идентитети, со отворени погледи, младите од регионот сметаат дека има можност за компромис. Заложбата на Младинскиот сојуз Крушево за градење социјално кохезивни општества насочени кон младите и градење резилинтност кон идни конфликти во регионот е поддржано од Амбасадата на Сад во Македонија. Новоименуваната Амбасадорка Анџела Прајс...
Колку пари на медиуми исплатила локалната власт во третото тромесечие?!
Post Views: 473 На почетокот на годинава, информативната редакција на ТВМ направи анализа за колкави трансфери и кон кои медиуми има исплатено претходната локална власт за период од 4 години. Иста таква анализа направивме и за првото тромесечие од годинава, за исплати и побарувања на пари од медиумите, овојпат од новата локална власт.Денеска ги сумираме податоците за третото тромесечие од годинава, добиени од Локалната самоуправа од Охрид и Јавните претпријатија. Податоците редакцијата ги обезбеди според Законот за пристап до информации од јавен карактер.Од анализата на...