Автор: инфодеск
Post Views: 473 На почетокот на годинава, информативната редакција на ТВМ направи анализа за колкави трансфери и кон кои медиуми има исплатено претходната локална власт за период од 4 години. Иста таква анализа направивме и за првото тромесечие од годинава, за исплати и побарувања на пари од медиумите, овојпат од новата локална власт.Денеска ги сумираме податоците за третото тромесечие од годинава, добиени од Локалната самоуправа од Охрид и Јавните претпријатија. Податоците редакцијата ги обезбеди според Законот за пристап до информации од јавен карактер.Од анализата на...
Дилер на дрога од Струга приведен во Охрид
Post Views: 370 На 12.11.2022 во 23.55 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.К.(34) од Струга.При претрес претходно извршен по судска наредба, полициските службеници, кај него, како и во две соби во хотел лоциран на булеварот „Туристичка”, што привремено ги користел, пронашле капсули и предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дигитална вага како и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Поевтинуваат горивата
Post Views: 220 Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), литар еуродизел од полноќ се намалува за два и пол денари, а бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поевтинат за 0,5 денари по литар.Според одлуката, литар еуросупер БС-95 ќе чини 93,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе се продава за 96 денари за литар. Литар еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 96 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 91 денар за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,806...
Од утре постудено со повремен дожд и магла
Post Views: 292 Од вторник попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени, соопшти УХМР.
Од утре задолжителна зимска опрема
Post Views: 248 Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември, до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во согласност со одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото за безбедно учество во сообраќајот на патиштата („Службен весник“ бр. 31 од 2010 година).Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.
Денеска се празнува Свети Козма и Дамјан
Post Views: 408 Православните верници денеска ги празнуваат Св. Козма и Дамјан, во народот познати и како Свети Врачи.Празник на големите господови лекари.За двајцата браќа исцелители Кузман и Дамјан има малку податоци како за нивното раѓање така и за нивната смрт. Според една верзија родени се во провинцијата Асија во Мала Азија. Татко им бил паганин, а мајка им христијанка. Набргу татко им умрел, а мајка им Теодотија ги воспитувала во вистински христијански дух. Останувајќи верни на ветувањето што и го дале на мајка си, а за да бидат што повеќе корисни, двајцата браќа...
Седница на Собрание на ЛАГ Агро концепт
Post Views: 227 На 18.11.2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи седница на Собранието на ЛАГ – Агро Концепт со единствена точка на дневен ред:-Одлука за престанок со работа на Здружението Локална акциона група – АГРО КОНЦЕПТ – Охрид.Образложение:Престанок на работа на ЛАГ-от во постоечкиот Статут на здружението е дефиниран во член 49, алинеа 1 од истиот:ЛАГ-от престанува со работа во следните случаи:Доколку членовите донесат одлука за престанок со работа со двотретинско мнозинство,Доколку бројот на...
Одобрени 20 барања за поставување фотоволтаици
Post Views: 223 Одобрени 20 барања за поставување фотоволтаици во Охрид, а нови десет се во фаза на одобрување. Енергетската криза и поедноставените процедури го зголемија интересот за обновливи извори на енергија.Најголем интерес има од страна на хотелските и индустриските капацитети. Проблем е што дел од хотелите не добиваат одобрение за фотоволтаични системи, бидејќи се наоѓаат во заштитеното подрачје, а Унеско не дозволува нивно поставување во 50 метри до езерото.Интересот е голем и кај домаќинствата приватните потрошувачи меѓутоа и кај индустриските капацитети...
Праизведба на современиот балет Пепелашка
Post Views: 418 На 19 ноември со почеток во 19 часот за првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти.Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија),...
Автомобил излетал од патот во близина на Завој
Post Views: 289 На 13.11.2022 во 04:30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица” со ресенски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(22) од Ресен, излетал од патот.Притоа, возачот и сопатникот Е.И.М.(19) од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Кристијан Нестороски освои втора награда на Детски Рацинови средби
Post Views: 219 Втора награда на 55. Детски Рацинови Средби, во Велес, освои ученикот Кристијан Нестороски, прва година во ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература.Наградата е во категорија ученици од сите средни училишта од Македонија, престижна награда од изворот на љубовта, од врутокот на болката, од силата на избликот наречен Рацинов стих.Исто така заедно со рецитаторот Петар Ѓорѓиев, ученик во втора година, со песната ,,Копачите”, учесници на рецитаторскиот натпревар. Честитки за организаторите...
Меѓународна младинска конференција во Охрид
Post Views: 258 Младинскиот сојуз – Крушево заедно со своите партнери ја најавија Меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ која ги спојува младите од регионот под ставот „Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот“.Конференцијата ќе се одржи во периодот од 13 до 15 ноември во Охрид, а цели да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт.На...