Skip to main content

Автор: инфодеск

„Нурни во мене“- самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес

Post Views: 134 Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде поставена во Куќа на Робевци вечерва во 20 часот.После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1-ви август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „Нурни во мене’’, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од...

Продолжи со читање

Вонредни инспекциски контроли на хотелите и станоиздавачите

Post Views: 151 Инспекторите по туризам  вршат засилени вонредни инспекциски контроли  на брегот на Охридското Езеро. Се чешлаат  хотелите, станоиздавачите, вилите, камповите и  туристичките водичи. Сите  се должни да ги пријавуваат гостите и да плаќаат туристичка такса која изнесува 40 денари на ден по турист, но  и данок на остварените приходи.Сопствениците на станови не смеат  да сместуваат гости без да се регистрирани за таа дејност, а за  изнајмениот стан на роднини  и пријатели...

Продолжи со читање

Горна Белица прераснува во туристичка дестинација

Post Views: 433 Горна Белица  развива рурален туризам. Струшкото село издигнато високо на падините на Јабланица помеѓу боровата шума, денес нема постојани жители,  тоа е  современа викенд населба, со голем број апартмани, вили и планинарски дом.  Со инвестиција од дијаспората комплетно е обновено поранешното одморалиште  во сопственост на црквата, денес првиот хотел.Селото  привлекува туристи со  прекрасните видиковци кон Охридското Езеро,  кои одземаат здив,   мирот,...

Продолжи со читање

Дамјан Пејчиновски ќе одржи концерт на „Охридско лето“

Post Views: 134 Во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на познатиот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот. Пејчиновски ќе настапи заедно со бендот Дејан Милосављевиќ – ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски – перкусии, Горан Гешовски – бас-гитара и Гордан Спасовски – пијано.Дамјан Пејчиновски свири електрична и акустична гитара и специјализира повеќе музички стилови вклучувајќи џипси-џез, џез-фјужн, блуз, рок, кантри, традиционална македонска музика и др.Пејчиновски...

Продолжи со читање

Николоски: Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн

Post Views: 199Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција најави пет нови директни авиолинии од Скопје. Според него, новите линии ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани.–Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага –...

Продолжи со читање

Хидробиолошки доби поддршка од МОН за проектот „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“

Post Views: 133 Охридскиот Хидробиолошки завод е дел од осумте јавни научни установи кои две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари.Дел од одобрените проекти од страна на министерството се и „Етимолошкиот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик, „Лексиконот на македонскиот фолклор“ на Институтот за фолклор, „Истражувањето на културното наследство на Албанците од Кумановскиот регион“ на Институтот за духовно и културно...

Продолжи со читање

Започнуваат чествувањата по повод 2 август – Денот на Републиката со изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ во Лапидариумот

Post Views: 128 Денес започнуваат чествувањата на Општина Охрид која со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.Вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевциќе биде прикажана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо...

Продолжи со читање

Светиот маченик Емилијан

Post Views: 216 Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно, услови за краткотрајно невреме

Post Views: 123 Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 24 степени Целзиусови. Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.

Продолжи со читање

Охридските карате-репрезентативци се вратија со 4 медаљи од Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација

Post Views: 237 Во период од 25 до 27 јули во Бургас, Бугарија, беше одржано Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација на кое претходеше врвен Карате семинар под водство на Светскиот Шеф Инструктор на ИЈКА Утсуми Такато Сенсеи.Од ИЈКА Македонија информираат дека нашата репрезентација се врати со освоени 4 медали:●Калина Георгиеска – сребро во Кумите јуниори категорија кафеави и црни појаси 12-13 години;●Евгенија Глигороска – сребро Кумите и бронза во Кати јуниори категорија кафеави и црни појаси 10-11 години;●Вера...

Продолжи со читање

Кај Калишта пронајдени висечки мрежи долги 400 метри со 157 парчиња белвица

Post Views: 128 На 30-ти јули 2025 година, во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.– Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за...

Продолжи со читање

Младешки ентузијазам и висока професионалност на уметниците од Музичката младина на Македонија

Post Views: 140 Восхитувачка интерпретација и музичка префинетост покажаа професионалните млади инструменталисти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ музицирајќи вчеравечер на „Охридско лето“.Концертот традиционално се одржува секоја година на фестивалот во црквата „Света Софија“ , овојпат се одвиваше под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ кој има богато професионално портфолио. Ова не е негова прва соработка со уметниците од Музичката младина младина.-Се работи за младински оркестар но со искусни музичари....

Продолжи со читање