Skip to main content

Автор: инфодеск

Неколку часа без вода ул. Дејан Војвода

Post Views: 221 Од ЈП „Водовод“ информираат дека поради изведување на градежни активности за новата водоводна линија, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Дејан Војвода”, на потегот од крстосницата со ул. „Абас Емин” до крстосницата со ул. „Македонски Просветители”.

Продолжи со читање

Апел за помош на новинарот Саше Димовски

Post Views: 427 По ампутацијата на ногата, потребни се средства за лекување, протези и рехабилитација на новинарот Саше Димовски.Сметки за донации:Денарска: 250101000288259Девизна: 1408000644660SWIFT: INSBMK22IBAN 07250780006446692Шпаркасе банка МакедонијаДополнителни информации на телефонот: 075/223-339.

Продолжи со читање

Герила акција за борба против трговијата со луѓе

Post Views: 225 Младите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Охрид, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе како дел од нивната програма за работа.Во соработка со СВР Охрид, како герила акција го изведоа перформансот во спортската сала на средното училиште „Св. Кирил и Методиј“.  Учениците и професорите можеа да проследат три сцени на кои беше претставена сексуална експлоатација, експлоатација на труд и трговија со деца, придружени од...

Продолжи со читање

Општина Струга утре од 8-15 часот без вода

Post Views: 316 Во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат жителите на соседна Струга.Утре, 10-ти ноември ќе биде прекинато снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга од 8 до 15 часот, информираат од JП „Водовод и Kанализација“ Струга.

Продолжи со читање

Жител на Ложани бил агресивен со сопругата

Post Views: 361 На 08.11.2022 околу 09:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода П.Д.(49) од струшкото село Ложани.Toj претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон други членови на семејството. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Три лица нападнале 18-годишна девојка

Post Views: 330 На 08.11.2022 полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода А.Ш.(52), Ф.Ш.(43) и С.Ш.(20), сите од струшко село. Тие, во семејниот дом во селото, физички нападнале 18-годишна членка на семејството. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

Општина Охрид : Охриѓани се мудри, гледаат дека не постои место каде не се работи

Post Views: 253 Од Општина Охрид со реакција на изнесенето на вчерашната прес конференција на претседателката на ОО на СДСМ. Од Локалната во реакцијата се задржуваат на менаџирањето со јавните претпријатија и училиштата кои ги затекнале во тешка финансиска состојба.Новото раководство на Општина Охрид, не само што не се откажа туку напротив започна со силно темпо за санација на тешката состојба во општината, претпријатијата и училиштата. Иако без никаква поддршка од централната власт, успеа да исплаќа стари долгови, а притоа да не генерира нови. За прв пат имаме училишта кои...

Продолжи со читање

Се подобрува водоснабдувањето во Охрид

Post Views: 290 За една година во општина Охрид реализирани се 18 проекти за изградба и реконструкција на водоводни линии.Вкупно се поставија 1 540 метри водоводни линии. Вредноста на зафатите изнесува 12.266.958 денари. За 365 дена изградивме два резервоари за вода. Голем акцент ставаме на подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на цела територија на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Марихуана пронајдена во домот на охриѓанец

Post Views: 294 На 08.11.2022 во СВР Охрид, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода З.И.(41) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Жител на Ботун го нарушил јавниот ред и мир

Post Views: 353 На 08.11.2022 во СВР Охрид во 14:10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект во близина на село Ново село, општина Дебрца, Б.С.(58) од село Ботун го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените.По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Од утрово без вода неколку улици

Post Views: 277 Од ЈП „Водовод“ Охрид ги информираат граѓаните дека поради поправка на уличен шибер со профил ф2″, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Гоце Делчев”, дел од бул. „Туристичка” и дел од “Абас Емин”.

Продолжи со читање

Саем на книгата во Градската библиотека

Post Views: 237 Од 15 октомври до 15 ноември, традиционално се одбележува Месецот на книгата.Во овој период  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид која е од отворен тип секојдневно бележи посети на ученици од основните и средни училишта.Вработените во Библиотеката исцрпно ги информираат со дејноста на библиотеката и процесот на доаѓање на книгата во рацете на читателите, а тие имаат можност бесплатно да ја разгледаат оваа установа.Библиотеката по повод Месецот на книгата од утре – 10 до 16 ноември – во работните денови организира Саем на книгата.Во Месецот на...

Продолжи со читање