Автор: инфодеск
Views: 76 Државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите од снег, истакна денеска на прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Ваквиот заклучок доаѓа по одржаниот координативен состанок со повеќе државни институции на кој биле разгледани капацитетите за одржување на патиштата и подготвеноста за благовремено пружање на помош на граѓани во зимски услови.„Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи капацитетите на ЈП за државни патишта, како и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот...
Во понеделник премиерно ќе се одржи претставата „Земја на штркови“ на Театар Провокација
Views: 66 Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од...
Ј.П.,,Охридски Комуналец” ќе пристапи кон тужење за сите неплатени сметки
Views: 85 Ј.П.,,Охридски Комуналец” ги известува сите физички и правни лица на територијата на Општина Охрид кои ги користат услугите на јавното претпријатие дека во периодот кој следи, заклучно до 31.12.2024 година ќе пристапи кон тужење за сите фактурирани, а неплатени сметки.-Со таа цел ги повикуваме сите физички и правни лица кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот кои го имаат спрема Ј.П.,,Охридски Комуналец”, за истите да не бидат изложени на дополнителни трошоци кои ќе настанат по повод поднесените тужби, се вели во...
Спречен шверц на пратка со пиротехнички средства
Views: 62 Вчера околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан” со тетовски регистарски таблички, управувано од тетовчанец во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР.Фото: илустрација
Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф
Views: 101 Изминатиов викенд во соседна Албанија се одржа ревијален Таеквондо ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2024 “. М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски беше претставувана од десет натпреварувачи.„Можеме слободно да се гордееме на нашите натпреварувачи иако исцрпени од претходни натпреварувања и училишни обврски сепак докажаа дека вреди да се вложува во нив, кои повотрно го дадоја својот максимум и не израдуваа со долични успеси. Натпреварот беше ревијален, но отидовме да ги провериме нашите натпреварувачи во каква форма се, бидејќи ни претсојат двата најтешки...
18 годишен охриѓанец загина, а 16-годишен сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Елешец
Views: 103 На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец”, патнички автомобил „пежо” со охридски регистарски таблици, управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител,...
Денес ќе се одржи детската претстава “Здраво Детство”
Views: 67 Денес во 18 часот, Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ќе ја претстават претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и БалтазарКартите по цена од 150 денари се веќе во продажба. Билетарата работи секој...
Во Охрид се одбележува меѓународниот ден на лицата со дијабет
Views: 86 По повод меѓународниот ден на лицата со дијабет од Охрид, Здружението на лица со дијабет, денес и утре организира низа активности.Денес, едукативна работилница на тема „Здравје“ ќе биде одржана во хотелот Ројал Вју, а презентација за Вовед во правилна исхрана ќе одржат и Дино Николиќ и Ивана Илиевска. Свои презентации ќе одржат и од „Пирустија Неданоски“ и Сања Бачевски – Sanja’s Microgreens.Утре на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи мерење на на шеќер во крвта на случајни минувачи, а во хотелот Милениум Палас ќе се одржи предавање на тема „Промени во...








