Skip to main content

Автор: инфодеск

Свикана деветнаесеттата седница

Post Views: 237 Свикана деветнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 15.11.2022 година (вторник) со почеток во 10:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. ДНЕВЕН РЕДУсвојување на Записникот од 14-та седница и Записникот од 16-та седницаПредлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за поттикнување на развојот на турузмот на општина Охрид за 2022 година.Предлог-Програма за измени и...

Продолжи со читање

Се зголемува приходот од туристичката такса во општинската каса

Post Views: 457 Охридскиот сектор за туризам и локален економски развој бележи позитивни резултати во наплатата на туристичката такса. Се бележи приближување на уплатениот износ по оваа ставка за оваа сезона со периодот од пред пандемијата. Хотелиерите и приватните станоиздавачи уплатиле околу 17 милиони денари туристичка такса до 30 септември годинава, информира Ѓоко Апостолов од Тлер.Очекуваме до крајот на годината повисок износ, со оглед на тоа што туристичката такса хотелиерите ја плаќаат по завршување на летната сезона. Можеби нема да ја достигнеме бројката од пред...

Продолжи со читање

Во струшко се премолчува семејното насилство

Post Views: 320 Семејното насилство во струшко се премолчува. Во регион со над шеесеттина илјади жители просечно годишно има само по десетина пријави на семејно насилство. Жртвите молчат, а причина за тоа според социолозите се традициите кај населението, подреденоста и статусот на жената во семејството. Карактеристично е и тоа што брачната заедница не се прекинува.Семејното насилство во Струга е присутно и во околните места, но за жал во Центарот во Струга бројот на пријави е намален. Најчесто жртва е жената, а причините се економско...

Продолжи со читање

СДСМ Охрид: Една година мандат, многу ветувања, никаква реализација

Post Views: 274 ОО СДСМ Охрид со критики до локалната власт за работењето во првата година од мандатот. Многу ветувања, многу очекувања, никаква реализација. Ако по утрото денот се познава, промените нема да донесат светла иднина за охриѓани. Зад нас останува година на многу протоколарни средби, а никаква реализација на ветените проекти за развој на градот и подобро живеење за сите, кажа денеска на прес конференција претседателката на охридскиот огранок на СДСМ, Кристина Крлеска Деспотоска.  Затоа и отчетноста на Пецаков беше далеку од очите на Охриѓани, далеку од оние кои...

Продолжи со читање

Предлог буџет на Општина Дебрца за 2023

Post Views: 367 Предлог Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2023 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2023 година.Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.Предлози и сугестии може да се поднесуваат на контакт инфо:Адреса:с.Белчишта бб, 6344Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 11:00 до 11:30 часот)Телефон (централа):+389(0)46 286...

Продолжи со читање

Делови од Струга утре без вода

Post Views: 331 Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга ги известуваат граѓаните дека утре (09.11.2022) поради изведување работи во водоводната мрежа, ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење, од 08:00 до 14:00 часот, во некои делови од градот како: „Мислешевски пат“, „стара Аполониа”, „Ристо Крле“, „ЈНА“ и зградите кај „Трим&Лум“ и „Набизи“.

Продолжи со читање

8 ноември, Ден на ослободувањето на Струга

Post Views: 468 Во чест на Денот на Oслободувањето на Струга 8-ми ноември, делегација од Општина Струга положи цвеќе пред Споменикот на Револуцијата.На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од окупаторите. Никогаш нема да ја заборавиме визијата за силна, стабилна и слободна Струга. Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга – велат од Општина Струга.

Продолжи со читање

Крводарителска акција во СВР Охрид

Post Views: 327 Во рамките на годишната програма за крводарителски акции на Црвен крст Охрид следува крводарителската акција со вработените од СВР Охрид.Крводарителската акција ќе се реализира утре (09.11.2022) од 10 до 14 часот во просториите на СВР Охрид.Уште еднаш да ја докажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид – велат од Црвен крст Охрид.

Продолжи со читање

Филмот Каде си Адаме денеска во Охрид

Post Views: 303 Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора, денеска со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот...

Продолжи со читање

Подобри услови во детската градинка во Вевчани

Post Views: 327 Во текот на изминатава година, а со цел подобрување на условите за престој и воспитување на децата во предучилишната установа преземени се повеќе активности:Набавка на нови дрвени дидактички играчки; Набавен нов мебел за децата (маси, столови, кревети, постелнини; Реконструиран подот со нови керамички плочки (донација); Набавени се и други дидактички средства и опрема; Изработен е проект за намалување на CO2 во детската градинка ЈОУДДГ „ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ“ Вевчани преку замена на котелот на фосилно гориво со нови еколошки топлотни пумпи.Во соработка со...

Продолжи со читање

Вкупно 15 медали за ХВА РАНГ ИТФ

Post Views: 503 Викендов, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија.„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 9 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби, а истотака двајца членови на клубот, настапија и како натпреварувач и како...

Продолжи со читање

ЈОУДГ Јасна Ристеска го одбележа патрониот празник

Post Views: 313 Со свечена приредба која се одржа во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа својот патронен празник.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, да бидам дел од оваа неповторлива атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник...

Продолжи со читање