Автор: инфодеск
Views: 62 Облачно, по котлините претпладне ќе биде магливо, а претежно во југоисточните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи ќе започнат преку ноќта, велаат од УХМР.До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен...
Соопштение за организирање повторен јавна анкета за ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2019-2029
Views: 122 СЕ СООПШТУВА организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2019-2029 со тех. бр. 106/ 018 од октомври 2024 год. изработен Институт за урбанизам, ДООЕЛ – Скопје.Повеќе информации на линкот.
Просечно од 50 до 70 пожари во грејната сезона во Охрид
Views: 59 Неисчистени оџаци и дотраени електрични инсталации се главните причинители на пожари во текот на грејната сезона. Само во охридсиот регион се случуваат просечно од 50 до 70 пожари во зима. А од година во година расте ризикот, бидејки се поголем број домаќинствата се греат на дрва.Покрај големата материјална штета, лани регистрирана е и жртва, во пожар почина една жена.„ Да внимаваат, да ги одржуваат оџачките канали тие што ги користат за огрев на дрва да ги чистат оџаците, да внимаваат какви електирчни...
Директорката на АППТ им ги раскажа убавините на Охрид на полските туристи
Views: 68 Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на средба со полски туристи им ги раскажа убавините на македонскиот бисер Охрид.-Тие воодушевени што одблиску имаа можност да дознаат со какво природно и културно наследство располага градот , не криејќи го своето задоволство кажаа дека престојот во Охрид ги надминал нивните очекувања, велат од АППТСтарото градско јадро ,охридското езеро ,културно историските споменици ,архитектурата ,нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и разновидноста на туристичка понуда е она што...
Германија го заврши шестмесечниот експеримент со четиридневна работна недела
Views: 80 Германија го заврши својот шестмесечен експеримент со четиридневна работна недела во кој учествуваа 45 компании. Две компании доброволно се откажале во текот на експерименто, а две други биле исклучени од евалуацијата, Резултатите покажале дека повеќето компании решиле да продолжат со истиот начин на работа.Јулија Бакман, водич на пилот студијата, вели дека вработените генерално се чувствувале подобро со помалку часови и останале исто толку продуктивни како и со петдневната недела, а во некои случаи биле и попродуктивни. „Учесниците пријавиле значителни подобрувања во...
Поранешната руска мисица осомничена за шверц на накит
Views: 73 Мис Русија и прва придружничка Мис на светот 2015 Софија Никичук е приведена на рускиот аеродром Внуково поради шверц на накит вреден 12 милиони рубљи.Девојката во Москва пристигнала од Ница преку Истанбул и поминала низ „зелениот коридор“ за ВИП личности, но морала да чека на царинска проверка. Софија Никичук им покажала на цариниците златен часовник Patek Philippe, два прстени и ѓердан Картие од 750 карати. Таа изјавила дека накитот не го пријавила бидејќи се работи за нејзини лични предмети.Руската федерална царинска служба известила дека Никичук е осомничена за шверц...
Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца
Views: 68 Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца на 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца. Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, ЕУ...
Вчера во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада
Views: 133 Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада, на 11 Ноември 1943 година.„Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ, олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност. Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на...








