Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид

Се поништува јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјална заштита на Општина Охрид за 2025 година

Views: 51 Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната заштита на Општина Охрид за 2025 година се поништува. Се повикуваат сите кои имаат поднесено апликација денес, вторник 12.11.2024 во малата сала на Општина Охрид, од 12 до 14 часот да ги подигнат своите апликации.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА

Продолжи со читање

Прекин вода

Прекин во водоснабдувањето на Партизанска со сите споредни улици и дел од Туристичка

Views: 53 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Партизанска “, вклучувајќи ги и сите споредни улици и дел од Булевар Туристичка.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Со предлози и идеи граѓаните учествуваа во креирање на буџетот за 2025 година

Views: 86 Претставници од Урбанизам , ТЛЕР, инфраструктура, образование, култура  и останати сектори при Општина Охрид денеска  ги  примаа и разгледуваа предлозите и идеите на  претставници од Месни Заедници, физички и правни лица кои со тоа учествуваат во креирање на буџетот за  2025-та година.Најголем број од идеите и предлозите се од областа на инфраструктурата и комуналниот развој.

Продолжи со читање

Oпштина Охрид како дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030)

Views: 66 Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора.Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од 55 замји-членки на ОН, на претставниците на Општина Охрид им беше доделен сертификат за официјално учеството во иницијативата MCR 2030. Дел од оваа иницијатива се и општините Ѓорче Петров и Гази...

Продолжи со читање

Охрид облачно

УХМР: Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи

Views: 55Променливо облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на планините и на некои повисоки места од снег. По котлините ќе има услови за појава на магла.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Пет одобренија за градење издадени во септември во Охрид

Views: 77 Во септември годинава се издадени 5 одобренија за градење во Охрид според податоците од Државниот завод за статистика. Од нив едно е издадено на физичко лице, додека 4 на деловни субјекти. Предвидена е градба на 76 станови со вкупна корисна површина од 3.797 м².Во извештајниот период општините Дебрца и Вевчани издале по едно одобрение за градење и тоа на деловен субјект, додека пак во општина Струга не се издадени одобренија.На ниво на државава во септември годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9,2 проценти помалку во однос на истиот месец од...

Продолжи со читање

Со мурали и графити на јавни површини ќе се разубавува Охрид

Views: 63 „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт  што започна да се реализира  по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид  и е дел од годишната програма за култура на општината. -Целта  на проектот  е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат  душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани.  Преку проектот се настојува да се стимулираат младите...

Продолжи со читање

Агенцијата за катастар го воведува новиот портал „е-услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

Views: 524 На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.Како дел од планот за континуирано подобрување, Живковски најави дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот...

Продолжи со читање