Skip to main content

Автор: инфодеск

Зимска опрема

Од петок задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила

Views: 98 Од петок, 15 ноември, почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.За возила до 3500 килограми како зимска опрема се сметаат зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри, како и летни гуми со длабочина на шарите од најмалку четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина. За возилата со погон на сите четири тркала под зимска опрема спаѓаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата на гумите од 6 милиметри или летни гуми со длабочина на шарите од најмалку 6 милиметри...

Продолжи со читање

Езерска полиција

Полицијата заплени рибарски мрежи и белвица кај Калишта

Views: 69 Hа 10.11.2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.– Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат. При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале 2 лица, од Струга и Радожда, кои,  управувале пловен...

Продолжи со читање

Куба прво погодена од ураган, потоа од силни земјотреси

Views: 84 Откако ураганот Рафаел ја погоди Куба минатата недела предизвикувајќи уништување на островската земја и колапс на електродистрибутивната мрежа, два земјотреси го потресоа југоисточниот дел на земјата вчера наутро по локално време. По првичниот земјотрес со јачина од 5,8 степени, имаше посилен последователен потрес со јачина од 6,8 степени.Епицентарот бил на околу 35 километри од брегот на провинцијата Гранма и на околу 175 километри од главниот град Сантијаго де Куба, изјавиле од Националниот сеизмолошки центар на Куба.Според експертите, земјотресот иако со значителна...

Продолжи со читање

Во среда ќе се одржи детската претстава “Здраво Детство”

Views: 69 Среда, 13 ноември ви 18 часот, Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ќе ја претстават претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.Претстава е за дечиња со возраст од 3 до 6 години.Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и БалтазарКартите по цена од 150 денари се во продажба од...

Продолжи со читање

Диви кози повторно на Галичица, по големиот пожар

Views: 86 АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service споделиja со јавноста убавата вест, дека и покрај сериозните последици по големиот пожар кој ја зафати Галичица во август годинава, сепак популацијата на балканска дивокоза (Rupicapra rupicapra Balcanica) е сеуште тука и тврдокорно се држи до своето автохтоно живеалиште.Волонтерите на АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service , во координација со National Park Galicica веќе година и пол вршат постојан видео мониторинг во делови од паркот, каде е забрането секакво присуството и активност...

Продолжи со читање

Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски”

Views: 64 Врз основа на член 36  од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишуваКОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во...

Продолжи со читање

И во 10 часот наутро светат сијаличките на „Туристичка“

Views: 108 Наши сограѓани само што ни испратија слики од Булевар „Туристичка“ на кои се гледа дека во 10 часот наутро сијаличките сè уште се уклучени.„Зарем градот има толку многу пари за да може да си дозволи на бел ден сијаличките да се сè уште уклучени? Па во ова кризно време треба да се повeдe рачун за се.“ – велат тие.

Продолжи со читање

Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски”

Views: 62 Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:КОНКУРСЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од...

Продолжи со читање