Skip to main content

Автор: инфодеск

Промовирана книгата „Тие доаѓаат“

Views: 116 Во рамки на свеченостите посветени на празникот 7 – ми Ноември,  денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“ во избор на Славе Ѓорѓо – Димоски.Книгата е составена од два дела, песни напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е 300 примероци. Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а лектор проф. д-р Димитар Пандев.

Продолжи со читање

Ezero lebedi

Следува период на постудено време

Views: 103 Променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Пред која спомен-плоча требаше да се поклониме за Денот на ослободувањето на Охрид?

Views: 146 Повторно актуелна темата околу бесправната градба на „Димитар Влахов“, и тоа ден потоа од Денот на ослободувањето на Охрид.Граѓаните очекуваа повторно да биде поставена спомен плочата која сведочеше за историски настан од антифашистичката борба на македонскиот народ и да им се оддаде почит на борците.„Ние сликавме од сите страни, од лево, од десно, од предната страна. Се надевавме дека ќе ја видиме повторно плочата како што и доликуваше, таа треба да стои токму на ова место, така беше ветено од градоначалникот дека ќе биде поставена повторно.“, велат нашите сограѓани...

Продолжи со читање

Збогум Буково: Време е да се разбудиме, и ние граѓаните и надлежните

Views: 113 Утре на пладне на градскиот плоштад во Охрид граѓаните ќе имаат можност да се информираат за штетните ефекти на дивите, нестандардни депонии Буково и Мауцкер врз здравјето, што значи постоењето на стандардна депонија, да поставуваат прашања на стручни лица и активисти, а воедно оние граѓани кои сакаат ќе можат официјално да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „ЗБОГУМ БУКОВО“. Со овој информативно-едукативен јавен настан групацијата која досега обединува над 50 граѓански организации, месни заедници и здруженија на пациенти го започнува своето делување, беше кажано на...

Продолжи со читање

Епохално археолошко откритие на локалитет во селото Корошишта во струшко

Views: 163 Епохално археолошко откритие на локалитет во селото Корошишта во струшко. Откриени стотина артефакти од непроценливо значење, златен надградник, два златни прстени, повеќе златни предмети и украси… Се работи за монументална гробница, односно два гроба на маж и жена за кои се претпоставува дека потекнуваат од елитата, аристократијат,а со оглед на богатите подароци пронајдени во гробот.Според археолозите ова е историски момент и за балканската и за европската археологија.-Сите останати наоди таму покажуваат дека покојникот кој е погребан таму и  според...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Во четврток ќе се одржи 48. седница на Советот на Општина Охрид

Views: 78 Свикана е четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.11.2024 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот во зградата на општина Охрид. За седницата е предложен следниот Дневен ред:Усвојување на Записникот од 47-та седницаПредлог-програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2024 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2024 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за...

Продолжи со читање

Германија ќе добие нов министер за финансии

Views: 74 Јоерг Кукиес, член на социјалдемократите и близок соработник на германскиот канцелар Олаф Шолц , ќе биде именуван за нов министер за финансии на Германија, изјавиле владини извори за Франс прес.Шолц во средата вечерта го разрешил претходниот министер за финансии Кристијан Линднер, од про-бизнис Слободните демократи, што доведе до распаѓање на неговата трипартиска коалициска влада. Шолц го отпуштил министерот за финансии за време на критичен состанок на високи личности од сите три идеолошки различни партии. Весникот Билд објавил дека тој им рекол на другите партии дека...

Продолжи со читање

Во ООУ„Св.Климент Охридски” започна целосна реконструкција на двата санитарни јазли во одделенска настава

Views: 74 Од ООУ„Св.Климент Охридски” информираат дека е започнета целосна реконструкција на двата санитарни јазли (тоалетите) во одделенска настава, со што значително ке се подобрат условите во училиштето.Кабините ќе бидат изработени со компалт плочи со согласно највисоките европски стандарди за хигиена и естетика, а тоалетите ќе бидат целосно реконструирани согласно изготвениот проект од овластена компанија.Средствата во вредност од 1 800 000 денари се обезбедени од страна на Општина Охрид. Од училиштето истакнуваат голема благодарност до Градоначалникот на општина...

Продолжи со читање