Автор: инфодеск
Views: 82 Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца. Kако дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, ќе се одржи првиот светски самит на Обединетите нации на 7 и 8 ноември во Богота. Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца, а Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата. Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување,...
Расте бројот на финансиски измами, ОПМ изработи платформа за нивно пријавување
Views: 67 Измами со брзи кредити, при плаќање со платежните картички на интернет, измами при осигурување, лажни наградни игри, пирамидални интернет шеми. Ова се најчестите поплаки за финансиски измами кои стигнуваат до Организацијата на потрошувачи на Макдонија.Ризик има при секое купување онлајн. Трговијата на социјалните мрежи е нелегална, нема данок, нема фискална и од ОПМ ги повикуваат граѓаните да купуваат само од регистрирани онлајн продавници.“Многу треба едукација во овој домен, самите млади треба да знаат како да ги користат картичките. Опасно е и она плаќање со...
Свечена академија по повод „80 години Слободен Охрид“
Views: 123 7-ми Ноември не е само историски датум, тоа е нашиот аманет, да ги водиме новите поколенија по патот на слободата, правдата и солидарноста. Верувам дека херојските стремежи на нашите предци, ќе бидат наш силен мотив во денешната политичка и дипломатска борба, да го сочуваме достоинството на нашата татковина и се што е македонско, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во своето обраќање пред бројните гости и граѓани на свечена академија по повод јубилејот, „80 години Слободен Охрид“.„Во текот на изминатите 80 години, бројни наши сограѓани, долга низа на...
Организација на потрошувачите организира средба на тема: „Jакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“
Views: 66 Организацијата на потрошувачи на Македонија денес, на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, со почеток во 11.30 часот ќе одржи промотивна средба на која ќе бидат претставени активностите на ОПМ овозможени преку проектот: „ Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од страна на Европската унија, преку Европската Организација за заштита на потрошувачите – BEUC.Овие активности се со цел да ја подобрат положбата на потрошувачите и да обезбедат нивна подобра заштитата, особено во доменот на...
Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7-ми ноември
Views: 104 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. 80 години градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата.Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле. После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на слободата на нашиот...
Утре ќе се спроведе теренска вакцинација против сезонски грип во Дебрца
Views: 116 Утре, 08.11.2024 ќе се спроведи теренска вакцинацинација против сезонски грип во селата: – с. Идеглавје во 14:00h – с. Слатино во 14:30h – с. Оздолени во15:00h – с. Велмеј во 15:30h – с. Лешани во училиштето во 16:30h – с. Белчишта во училиштето во 17:00h – с. Ботун во 17:30h-Доколку во некое од селата има непокретни болни лица да се пријават за вакцинација на тел. 071/366-564, информираат од Општина Дебрца.
УХМР: Сончево со мала облачност
Views: 49 Утрото студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекува појава на повремен дожд, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 4 до 15...
Приведени рибокрадци во Охрид
Views: 61 На 06.11.2024 околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро лишиле од слобода две лица на возраст од 62 и 43год, и двајцата од Охрид, информира МВР.-Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица, стои во...








