Skip to main content

Автор: инфодеск

Нема решение за бездомните кучиња во Струга

Post Views: 428 Нема решение на проблемот со бездомните кучиња во Струга. Струшките советници едногласно изгласаа одлука за формирање на адхок тело за итно решавање на проблемот со уличните кучиња.Иницијативата предвидува заловување, стерилизација и хуман третман, но и по пет месеци општината не презема ништо.Средствата кои требаше да се одделат за оваа акција се минорни во поглед на она што општината го троши од сопствениот буџет. Значи преку 2 милиони евра општината од својот буџет одделува средства за непродуктивни и некапитални инвестиции, а се правдаме дека немаме...

Продолжи со читање

Масло и путер од лешник МИА

Post Views: 747 Ладно цедено масло од лешник и путер од лешник од охридскиот бренд МИА веќе стануваат добро познати на пазарот како здрави органски производи од локално поднебје без никакви вештачки додатоци. Станува збор за една успешна бизнис приказна на охриѓаните Билјана и Саше Стефаноски која започнала сосема случајно со читање на интернет за модерните трендови со здрава храна.Пред 8 години овој пар, медицинска сестра и јавен службеник, без никакви претходни допирни точки со производство на храна, рекреативно ја насадиле првата плантажа со лешници. Немале намера...

Продолжи со читање

Нова кариера во продажба во USA со Slice

Post Views: 284 Со големо задоволство Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба во канцелариите во Охрид. Доколку сте подготвени за кариера во меѓународно реномирана компанија, ве очекуваме на 4-ти ноември во нашите канцеларии во Охрид со почеток од 14:00 часот, информираат од Slice.Запознајте дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, научете неколку одлични совети и трикови во продажба, уживајте во одлична пица и бидете подготвени за можноста да бидете вработени на лице место.Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да...

Продолжи со читање

Чистење на цврст отпад од шахти

Post Views: 316 Одделението за фекално одржување редовно врши чистење на цврст отпад од шахти и сливници за одведување на фекална и атмосферска канализација.При контрола на шахтите многу често се отстранува цврст отпад кој до колку од шахта прелие во цевковод прави запушување на мрежата и настанува дефект. Понатаму фекалиите се излеваат на улица или во нечиј двор или куќа на места каде нивото е пониско, како што беше случај со запушување на улицата „Никола Карев“ каде жителите цел месец беа поплавени со фекалии. При пробивање и чистење беа извадени кршени стакла и друг...

Продолжи со читање

Македонец стана светски првак во ДОТА 2

Post Views: 421 Професионалниот македонски е-спорт играч, Мартин Саздов – Сакса со неговиот тим Tundra Esports го освои трофејот на Светското првенство во познатата игра Дота 2.„Сакса“ и тајфата прво го совладаа Сикрет со 2-1 за пласман во големото финале, каде што Сикрет повторно обезбеди место со победата против Тим Ликвид (2-1), но сепак битката за трофејот на „Д Интернешнл“ или светското првенство во Дота 2 ја одбележа целосна доминација на Тундра (3-0).Тимот на Мартин во финалето го победи Team Secret со 3-0.Првенството во Дота 2 има награден фонд од 19 милиони...

Продолжи со читање

Спомен обележје за благодарност на стружани

Post Views: 354 Врз основа на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, на 15-та седница на Советот на Општина Струга, по барање на Генералниот конзулат на Република Косово во Република Северна Македонија-Струга, беше изгласано да се постави спомен обележје-плоча, за гостопримството и благодарноста до стружани, информираат од Општина Струга.Низ историјата на човештвото се познати судбините на народите протерани од своите домови, но позната е и нескриената почит и солидарност на нивните браќа и пријатели. Во 1999 година граѓаните на Косово во најтешките денови...

Продолжи со читање

Во тек е исплатата на октомвриските пензии

Post Views: 330 Денеска започнува исплатата на октомвриските пензии.Пензионерите кои не користат картички можат да си ги подигнат своите пензии во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) иЗа пензии со висина...

Продолжи со читање

Три дена македонска култура во Корча

Post Views: 354 Поминаа три незаборавни дена во Корча, 27 – 29 октомври, кога во организација на Амбасадата на Македонија и македонскиот Културно-информативен центар во Тирана се одржаа ,,Денови на македонска култура“.На Универзитетот ,,Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик во градот Корча.Во Градската библиотека во Корча, градоначалникот Сотираќи Фило и неговите соработници, заедно со нашиот амбасадор, Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија...

Продолжи со читање

Свети апостол и евангелист Лука

Post Views: 345 Според календарот на МПЦ денес 31 октомври е посветен на Светиот апостол и евангелист Лука.Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24). По слегувањето на...

Продолжи со читање

Хакери објавија податоци за албански возила

Post Views: 361 Нови податоци објави иранската хакерска група „Татковинска правда”, овој пат од базата на податоци за албански автомобили. Во објавата има список на возила, број на шасија и мотор, марка на возилата, регистарска табличка, име и презиме на сопствениците и местото на живеење.Хакерите кои владините системи ги нападнаа на 15 јули, а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција, вечерта на 9 септември, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери. Објавија и пораки од електронските...

Продолжи со читање

Отстранети дефекти на водоводната мрежа

Post Views: 279 Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 24-ти до 30-ти октомври, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа дефекти на следните улици: „Дејан Војвода” (4 дефекти), „Илинденска”, „Гоце Делчев” бр.8, „Мирче Ацев”, „Бистрица“, „Будва” бр.28, „Радојца Новичиќ” бр,374, „Славеј Планина“ бр.17, „Момчило Јорданоски ” бр.42, „Аџи Мустафа”, „Егејска“ – информираат од ЈП...

Продолжи со читање

Голема карпа падна врз хотел на островот Крит

Post Views: 392 Огромна карпа падна од рид и уништи две соби во крајбрежен хотел на грчкиот остров Крит, убивајќи една Словенка во сон, а нејзиниот мал син е повреден, соопшти полицијата.Несреќата се случила во раните утрински часови во студиото Маркос, семеен комплекс на соби за изнајмување на плажа, изграден под карпеста падина во Иерапетра.Полицијата соопшти дека каменот уништил две соби. 51-годишниот сопруг на жртвата бил во друга соба и не е повреден, пренесува Ројтерс.Под урнатините се затрупани 47-годишна жена и нејзиниот осумгодишен син.Околу 50...

Продолжи со читање