Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр охрид

СВР Охрид: Агресивно однесување кон полицајци во Охрид и Струга, бесправна градба и одземен мeтамфетамин во Струга

Views: 85 На 05.11.2024 во 23.00 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 51 годишно лице од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 05.11.2024 во 14.20 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 43 годишно лице од струшкото село Долно Татеши кој претходно, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени...

Продолжи со читање

Нема повредени лица во пожарот кој избувна во Безистенот во Струга

Views: 98 Нема повредени лица во пожарот кој утринава избувна во Безистенот во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Пожарот во деловен објект во Безистенот бил пријавен во ОВР Струга околу 10 часот.На терен интервенираше Територијалната против пожарна единица Струга со четири возила и десетина пожарникари.Извршен е увид и ќе се утврдуваат причините за пожарот и настанатата материјална штета. Според првични неофицијални информации, пожарот не бил подметнат.

Продолжи со читање

Два часа интензивно се гаснеше пожарот во струшкиот Безистен

Views: 59 Се запали безистенот во  струшката чаршија.  Претпладнево огнот  избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани.Вработените и посетителите на безистенот, кој дејствува како трговски центар со голем број дуќани и угостителски објекти,  преплашени веднаш го напуштија објектот.  Нема повредени, причинета е само материјална штета.На терен интервенираше противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари. После два часа интензивно гаснење се спречи проширување на огнот кон...

Продолжи со читање

Денеска во Магна ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода

Views: 60 СВР Охрид, ќе биде дел од институциите кои денеска (06.11.2024 година), во 10.30 часот, во компанијата „Магна” во индустриската зона во Струга, ќе учествуваат во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода Целта на показната вежба е увежбување на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност и координираност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи.Показната вежба, воедно ќе значи и можност за проверка и ажурирање на...

Продолжи со читање

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД

Views: 83 Поранешниот претседател Доналд Трамп се обрати откако ја обезбеди својата трета победа на бојното поле со освојување на Пенсилванија, приближувајќи го до победата во Белата куќа. „Сакам да му се заблагодарам на Американскиот народ за исклучителната чест да бидам избран за ваш 47-ми и 45-ти претседател. До секој граѓанин: Ќе се борам за вас, за вашите семејства и вашата иднина. Секој ден ќе се борам за вас до последниот здив, нема да застанам се додека не ја испорачаме силната и просперитетна Америка која ја заслужуваат нашите деца, но и вие. Ова навистина ќе биде...

Продолжи со читање

УХМР: Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност

Views: 66 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, велат од УХМР.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 3 до 16 степени Целзиусови.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Месните заедници во понеделник треба да ги достават своите предлози за креирање на буџетот за наредата година

Views: 62 Локалната власт упатува повик до сите Месни Заедници, физички и правни лица во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда  во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.

Продолжи со читање

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 2, УБ 2.3 опфат 7, Општина Охрид

Views: 90 Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05 ,81/05 ,24/07 ,159/08 ,48/10 ,124/10 ,51/11 ,123/12, 93/13 ,42/14 ,44/15 , 129/15 , 39/16, 99/18 ,89/22 и 171/22 ) ,Општина Охрид , на ден 04.11.2024 година , донесе Одлука за спроведување на стратегиска оценаОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 2, УБ 2.3 ОПФАТ 7, ОПШТИНА ОХРИДПовеќе информации на линкот.

Продолжи со читање