Автор: инфодеск
Post Views: 456 На 29.10.2022 година во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов” затекнаа растовар на дабово огревно дрво од товарно возило „Фолксваген Транспортер” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Н.Т.(34) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што, илегално се транспортирани и доставени до С.А.(44) од Охрид. Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна...
Запленети 139 парчиња охридска пастрмка
Post Views: 300 Денеска (30.10.2022) по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење ги привеле Е. Ш. (22) и М.А. (25) од Република Албанија.При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Северна Македонија. Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и по целосно...
Вечерва почнува зимското сметање на времето
Post Views: 288 Вечерва во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.
Пронајден пиштол кај охриѓанец
Post Views: 379 На 28.10.2022 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на В.Ј.(57) од Охрид, полициските службеници пронајдоа еден сигнален пиштол марка „Ekol Dicle” калибар 9 милиметри кој, го поседувал без соодветна документација.Истиот, врз основа на членот 396 од Кривичниот законик е одземен, В.Ј е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Миење автобуси на улица, реагираат граѓаните
Post Views: 863 „Автобуси ем паркирани на улица, ем си ги мијат“, реагира наша сограѓанка која ни испрати и слики во рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ. Ова е нејзиниот коментар.Миење автобуси на сред улица во град, на ул. „Партизанска“ постојано исто цела година. Денес кај Факултетот за туризам и се повторува секој викенд, по 4-5 автобуси се паркираат, се чистат пепељарите во тревата. Полиција викам секој викенд, но џабе е нема ред. Возачите пак исто за да не платат паркинг се паркираат по улиците – вели нашата сограѓанка М. Божиновска.
Нов водовод во Куратица
Post Views: 272 Деновиве се одвиваат градежни работи за изградба на нов водовод за потребите на жителите на село Куратица. Со овие зафати значително ќе се подобри водоснабдувањето во текот на целата година.Инвестираме во секој дел на територијата на Општина Охрид. Проектот го изготвивме по претходно извршени геомеханички испитувања. Вредноста на проектот е околу 800 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Пецаков.
Викендов почнува зимското сметање на времето
Post Views: 363 Викендов, 29-ти спроти 30-ти октомври започнува зимското сметање на времето.Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.И покрај најавите за можно останување на летното сметање на времето, сепак Владата одлучи да нема промени во досегашното летно и зимско сметање на времето.
Зголемен интерес за имунизација од грип
Post Views: 286 Зголемен интересот за имунизација од сезонски грип. Заклучно со вчера, во октомври биле аплицирани над 20.000 вакцини за сезонски грип, а преку Мој термин закажани се 39.000 термини за вакцинирање со точен датум и пункт, соопшти денеска министерот за здравство Беким Сали.Министерот најави дека од следната недела започнува имунизација на терен, односно вакцинирање на лица од дом за стари и пациенти во дијализни центри. Со бесплатна вакцинација се опфатени граѓаните од ранивите групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени...
Стружанец координатор на криминална група во Австралија
Post Views: 447 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога заедно со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во директна соработка и размена на докази со Австралиската федерална полиција и полициските сили од Западна Австралија, а во координација и со американската ДЕА, по едногодишна истрага, во Струга го лиши од слобода И.Р.(27) од Струга, со македонско – австралиско државјанство, за кого постојат основи на сомнение дека е...
Наплив на пациенти на детското одделение во Струга
Post Views: 496 Во охридско-струшкиот регион зголемен е бројот на респираторни инфекции. Најкритично е во време на викенди и празници, кога има и по 200 деца за преглед. Секојдневно е голем бројот на пациенти, просечно има по стотина прегледи. Оваа есенска сезона најактуелни се вирусните респираторни инфекции кај децата, кои многу често доведуваат до компликации.Најповеќе има деца со респираторни вирусни инфекции, бидејќи времето е такво. Имаме деца со ларингитис, фарингит, со горно респираторни инфекции и со долно респираторни инфекции. Со горно респираторни има полесни...
Основци од Св. Климент Охридски во посета на Дебрца
Post Views: 512 Учениците од 4-то одделение од ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, во рамките на предметот Историја и општество денеска ја посетија Општина Дебрца.Учениците ги запознав со личната карта на општината и одговорив на нивните прашања. Ми беше чест и големо задоволство да разговарам со нив и да бидам нивни домаќин. Прекрасни се сликите од мојот кабинет и влезот на општинската зграда, исполнети со детски насмевки – напиша градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.
Избрани најкреативните решенија за дизајнирање на Пензиски парк
Post Views: 290 Вчера во просториите на Архитектонскиот факултет беа изложени цртежите на студентите кои учествуваа на конкурсот за дизајн на „Пензиски парк“ со површина од 5.000 квадратни метри, во рамки на кампањата „Засади желба за поубава иднина“ во организација на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје.На овој конкурс со свои цртежи беа пријавени многу студенти од Архитектонскиот факултет и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од кои жири комисијата избра три...