Автор: инфодеск
Views: 60 Четвртоодделенците од основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги прими градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот, Александар Китески.Учениците со интерес ги слушаа одговорите на градоначалникот и секретарот за работата и начинот на функционирање на локалната власт.Посетата во општината е дел од предвидената наставна програма за основците.
Утре во Магна ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода
Views: 76 Увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид и Струга, ДЗС, ЦУК, Здравствен дом Струга и Црвен крст Охрид продолжува да се реализира и во компаниите.Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во среда, 06.11.2024 г. во компанијата МАГНА во индустриската зона Струга ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна...
Денес и утре ќе се одржат пoлуфинале и финале во фудбал Futsal Ohrid Freed
Views: 98 ЈП Билјанини Извори и Futsal Ohrid Freed известуваат дека денес од 20:00 часот до 22:00 часот во Спортската Сала “Билјанини Извори” ќе се одржат двата полуфинални натпревари:•Во 20:00 ч. помеѓу екипите на Инекс Олгица Хотел и СПА и Гостилница кај Мече и •21:00 ч. Провелд Волино и минатогодишниот победник на Ohrid Freed АСП ПАК.Утре, 6 Ноември ќе се одржат:•20:00 часот натпреварот за трето место и во•21:00 часот финалниот натпревар за прво место.Хуманитарниот Турнир Futsal Ohrid Freed организиран од ЈП Биљанини Извори и Општина Охрид се...
Повик за учество во креирање на буџетот за наредната календарска година
Views: 62 Локалната самоуправа упатува повик до сите Месни Заедници, физички и правни лица во понеделник (11. 11 2024г.) во малата сала во општинската зграда во период од 11 до 14 часот да ги достават своите предлози и идеи со цел да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.
Утре ќе се одржи крводарителска акција во СВР Охрид
Views: 72 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.Утре, среда 6.11.2024 со почеток во 9 часот во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен Крст Охрид.Акцијата ќе трае до 12 часот.
Реконтрукцијата на улицата „Гоце Делчев“ во напредна фаза
Views: 95 Активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се во напредна фаза, вчера се постави првиот слој на асфалт.Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување.-Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, вели во својата објана на Фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков.
Во сабота средба на граѓани и дискусии на плоштад под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“
Views: 57 Во организација на иницијативата „Збогум Буково“ под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, во сабота, на 9ти ноември на Градскиот плоштад во Охрид, од 12:00 часот ќе се одржи средба и дискусии за неопходноста од итно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.„Иницијативата ‘Збогум Буково’ и нејзините поддржувачи ве повикуваат сите вас, драги сограѓани на дружење и муабет на една од најважните теми за сите нас, особено за нашите деца и внуци. На овој настан ќе добиете можност да ја изразите својата поддршка на основната мисија на нашето здружување, а тоа е...
Објавен списокот на студенти кои ќе добијат еднократен паричен надоместок
Views: 68 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и јавниот повик бр 09-17555/2 од 09.10.2024 год. за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од оптштина Охрид за академската 2024/2025 год., градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков го донесе следното:ИЗВЕШТАЈ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОКПовеќе информации на линкот.







